Добитникот на наградата „Денес 2013“, младиот уметник Филип Јовановски, за НОВА зборува за своето дело „Мртва природа: од колекцијата Работничката класа оди во рајот“
„Драго ми е што ја добив наградата, тоа ја заокружува мојата работа. Од шест-неделната резиденција во Њујорк очекувам контакти со авторите од истата насока“.
Јовановски вели дека е можно изложбата да биде поставена како дел од групната изложба во Познан под името „Опседнати со слободата во септември“.
Досегашни добитници на оваа престижна награда во Р. Македонија се: Славица Јанешлиева (2003), Група ОПА (2004), Далибор Тренчевски (2005), Атанас Ботев (2006), Борис Петровски (2007), Ана Ивановска (2008), Ѓорѓе Јовановиќ (2009), Кристина Божурска (2010) Илија Прокопиев (2011) и Велимир Жерновски (2012)
Партнери на проектот за реализирање на изложбата се Фондација Институт Отворено општество – Македонија и Факултетот за ликовни уметности, а финансиски е поддржана и од Град Скопје и Министерството за култура.