НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Министерот Алаѓозовски го отвори Викендот на гордоста во Скопје

0
By Нова ТВ on June 23, 2017 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски вчера го отвори Викендот на гордоста во Скопје (Skopje Pride Weekend).

Во своето обраќање, Алаѓозовски рече дека досегашните културни политики се засновале претежно на застарени концепти за културата, и дека тие треба да се заменат со стратегии кои што ја земат предвид плуралноста и хетерогеноста на различните култури и културни практики, кои ги изразуваат потребите, спецификите, желбите, интересите, верувањата и светогледите на различните групи во општеството. 

„Критичкиот однос кон овие аспекти, во светски рамки, веќе неколку децении е извор за создавање на некои од најзначајните дела во историјата на модерната и современата уметност, додека во Македонија, кон овие прашања, сè уште се пристапува срамежливо и спорадично. Затоа, овој фестивал, од една страна е одлична можност за вреднување на уметничкиот квалитет на овој пристап во уметноста, а од друга страна треба да биде поттик за македонските уметници да им пристапат на овие прашања на отворен начин“, посочи Алаѓозовски.

Според него, ваквите манифестации придонесуваат во разбивање на изолацијата на различните граѓански сектори, градење на мостови на соработка, размени и дијалог, односно интерсекторска соработка.

„Токму ваквите манифестации имаат значајна улога во борбата со стереотипите, дискриминацијата и насилството во нашето општество. Со нашето присуство тука, потврдуваме дека еднаквоста, правдата и солидарноста се темелите на кои треба да ја градиме иднината на нашата земја, како иднина на демократско и отворено општество, еднакво за сите граѓани. Уметноста е едно од најмоќните оружја за да стигнеме до овие цели. Да ја ползуваме и искористиме заедно, на најдобар можен начин“, рече Алаѓозовски.

Викендот на гордоста е во организација на Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“, а тематски и концепциски е насловен како ТРАНС-ФОРМАЦИИ.

Skopje Pride Weekend Викенд на гордоста Робер Алаѓозовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.