Земјотрес со јачина од 3,3 степени по Рихтеровата скала вечерва во еден часот и две минути по полноќ беше почувствуван во Охрид и околината. Епицентарот на земјотресот бил на 8 километри од Охрид, на длабочина од 5 километри.
Во последните неколку денови во охридскиот регион има серија земјотреси. Последниот беше пред претходната вечер, со јачина од 2,7 степени. Земјотресите не предизвикаа поголеми штети освен вознемиреност кај граѓаните во тој регион.