Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зошто Груевски не смее да оди во затвор

0
By Биљана Секуловска on July 1, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 1, 2017 11:28

Да, Груевски не смее да оди во затвор затоа што тогаш ќе мора да се срушат сите споменици на овој свет, сите оние споменици на незнајниот јунак, за да застанат некои други, вистински ликови на нивно место.

Груевски не би смеело да оди во затвор затоа што ќе мора да се постави споменик за Мартин Нешковски, трагично загинатото момче, претепано до смрт на прослава на ВМРО-ДПМНЕ на Плоштадот во Скопје.

Таков ист споменик ќе мора да добие и Тамара, малото девојче кое не го доби потребното лекување заради изживувањата на Груевски и неговите луѓе, заради мерцедесите, милионите во Скопје 2014, украинските слики во зградата на ВМРО, заради се што нема да може ниту една изгубена Тамара, ниту едно дете да може да му прости.

Груевски не смее да оди во затвор, затоа што под тепихот ќе излезат нови истраги, за старите негови познаници.

Онаа за сомнителната сообраќајка на новинарот и наш драг колега Никола Младенов, еден од најзначајните новинарски пера во Македонија што воопшто сме ги имале.

Не, Груевски најдобро е да не оди во затвор, затоа што низ главата пулсира сознанието за сомнителното самоубиство на Коста Крпач, амнестиран од претседателот Иванов пред да биде соопштено дека е еден од клучните сведоци на СЈО.

Да, сепак Груевски не би требало да оди во затвор, затоа што на површина ќе излезат многу уништени животи, згрбавени, предвреме остарени луѓе, искинати прамени од коси, упатени кон остатокот на животот луѓе како за на погреб.

Најдобро е навистина Груевски да не заврши во затвор, затоа што ако има паралелна правда и милост, судиите мора да останат препарирани во безгрижноста на бесчестието и бесрамноста, со кои сметаат дека треба и да заминат од овој свет.

И така, Груевски нема да оди во затвор, затоа што пропаста мора да се скрие, не од нас, не од некој од нас, туку само од него, се мора да остане балсамирано, закопано, подвиткано во чаршафи, запалено, истресено некаде далеку, каде Груевски нема да смее да дојде до допир. За да не се нажали. За да не се покае. За да не помисли за миг дека заслужува да види, да допре, да дознае.

Не, најдобро е да не оди никогаш во затвор, Груевски, националниот херој на смртта на оваа земја, кој своите сограѓани ги нарече уличари, тогаш кога мораше да ни се случи Шарената револуција.

Затоа Груевски е добро да не оди во затвор, за да види што стана по смртта на оваа земја, откако тој замина. А потоа, потоа, откако сето ова ќе го види, ќе биде добро Груевски да добие фер и независно судење.

Само тогаш може да се каже дали затворот е опција, откако ќе се скршат коските на едно општество, а тоа за чудо, добива сила повторно да ги спои, да ги прилепи и потстегне, да не клацкаат, да не се сронат. Тоа ќе се случи тогаш, кога ќе се родат судии од некаде, не се од никаде, тие се од честа и силата повторно родени, оние кои ќе судат правично и со крената глава- на Груевски, кому дотогаш најдобро му беше да не оди во затвор.

Евтини приказни Никола Груевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.