Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претставата на Милчин-најзначајна во екс- Ју и Европа

0
By Нова ТВ on July 2, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 2, 2013 13:26

“Најзначајна претстава денес на просторот на поранешна Југославија, а веројатно и пошироко во Европа”- ова е поентата од рецензијата на Радио Белград 2, на Горан Цветковиќ, за претставата „Подемот и падот на Кабарето“ на режисерот Владимир Милчин, чија премиера беше изведена во саботата.

Рецензијата со наслов „Распеена историја на потресниот сарказам“ вели дека претставата е „вратоломна сложувалка на духот и на критичкото пресвртување на поимите, отворање на разноразни средби на ликовите на сцената, но и средби на тоа специфично сценско-музичко-поетско-драмско ткаење, со светот и моментот во кој живееме – не само ние сега и овде, туку и сите за кои сме учеле, од кои сме учеле, или кои сме ги мразеле и против кои сме се бореле“.

На сцената на МНТ се создаде „вистинска театарска магија – но не да нѐ магепса и да нè натера да потонеме во емоции, туку да нѐ разбуди и освести, за навистина да го согледаме светот во сите негови турбулентни пресврти“ пишува авторот Цветковиќ.

Радио Белград 2 дава блескава критика за делото на Милчин, за сценографијата на Крсте Џидров како и за актерите, за целиот ансамбл, кој игра модерно, освестено, соживеано, со дистанца од личниот момент, но со страст и со енергија и со одличен стил на игра. Со таа „актерска машинерија“ раководи раката на „театарскиот маг, режисерот Владимир Милчин“, создавајќи една навистина значајна претстава, пишува Цветковиќ.

Рецензијата за претставата на Милчин „Подемот и падот на Кабарето“завршува со зборовите „честитам“ и „браво“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026
shortcut
ФОКУС
July 26, 2026

Пред години: Скопје / 26-ти јули 1963 / 05:17

ВЕСТИ July 26, 2026

Скопски земјотрес од 1963 година – природна катастрофа што го погодила градот Скопје на 26 јули 1963 година во 5 часот…

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

July 24, 2026

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026

Филипче: Гостивар, Валандово, сега загадена вода и во болницата во Лешок

July 23, 2026
ТИКЕР

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.