Првата проба на претставата „Вечна куќа“ по текстот на Јордан Плевнеш и режија на Дејан Пројковски се одржа во новиот објект на Македонскиот народен театар.
„Од денес, сите заедно почнавме една одисеја на новата сцена на Македонскиот народен театар, би рекол нашата нова фабрика за создавање соништа. Денес почнуваме да сонуваме и се радувам што околу 50-тина актери се зад мене, кои ја претставуваат душата, она најважното на Македонскиот народен театар,“ рече Пројковски.
Претставата се подготвува повеќе месеци за премиерно да биде прикажана на свеченото отворање на Театарот во септември.
„Вечна куќа“ е пишувана последниве 12-тина години, од мигот на откривање на првите документи во лисабонските архиви за една куќа покрај Вардар изградена во 1492 година, во таа клучна година на светската историја – изјави Јордан Плевнеш.
Музиката во претставата е на Горан Трајковски, сценографијата е на Валентин Светозарев, а костимите на Благој Мицевски.