Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Квалификации за ЛШ: Ристовски асистент за Риека, Марибор како Вардар

0
By Нова ТВ on July 26, 2017 СПОРТ
Фото: nk-rijeka.hr
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 26, 2017 23:59

Стефан Ристовски продолжува до ефетивните партии во дресот на Риека. Офанзивниот бек на фудбалската репрезентација на Македонија беше во улога на асистент во ремито (1:1) на хрватскиот претставник кај Салбург во првиот меч од третото квалификациско коло за Лигата на шампиони (ЛШ).

По негово додавање дојде погодокот на Гаврановиќ во 30 минута за водство на екипата од „Кантрида“, австрискиот бундеслигаш израмни во 49 минута преку Хванг Хе Чанг. Ристовски беше стартер и ги одигра сите 90 минута на „Ред Бул арена“. Леонард Жута го почна мечот од клупа и ги одигра последните 20. минути.

Резултат како вардаровиот, што влева надеж за пласман во плеј-оф за ЛШ, има и Марибор. Словенечкиот тим, како домашен, славеше над Хафнарфјордур со 1:0 пред реваншот на Исланд наредната недела. Стрелец на единствениот гол на „Људски врт“ беше Тавареш во 54 минута.

Селтик, пак, не успеа да обезбеди предност за гостувањето во Норвешка. Тимот на Брендон Роџерс одигра 0:0 против Розенборг на „Селтик парк“, па пласман во плеј-офот ќе мора да брка во Трондхајм. Победник немаше ниту на Азурниот брег во дербито на вечерта меѓу Ница и Ајакс ниту во Белгија по воведните 90 минути од двомечот на Бриж и Истанбул Басакшехир.

Лига на шампиони/квалификации/3 коло/први мечеви

Резултати

Бриж (Белгија) – Истанбул Басакшехир (Турција) 3:3

Ница (Франција) – Ајакс (Холандија) 1:1

Селтик (Шкотска) – Розенборг (Норвешка) 0:0

Марибор (Словенија) – Хафнарфјордур (Исланд) 1:0

Виторул (Романија) – АПОЕЛ (Кипар) 1:0

Хапоел Бер Шева (Израел) – Лудогорец (Бугарија) 2:0

Салцбург (Австрија) – Риека (Хрватска) 1:1

Динамо Киев (Украина) – Јанг Бојс (Украина) 3:1

Астана (Казахстан) – Легија Варшава (Полска) 3:1

квалификации Лига на шампиони Марибор Риека Стефан Ристовски фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.