НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судот да дава извештај колку барања за ПИ мерки добива на годишно ниво

0
By Нова ТВ on July 27, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Невладината организација „Евротинк“ денеска на брифинг со новинарите ги презентираше приоритетните цели, мерки и активности во областа на „Контрола врз полицијата и агенциите за безбедност и (контра)разузнавање“ кои се опфатени со „Предлогот на граѓанските организации за итни демократски реформи – Блупринт“.

Во поглавјето се опфатени 11 приоритети, која институција е надлежна за спроведување и за колку време треба да се спроведе конкретната мерка, на пример за 3, 6 или 9 месеци.

Во овој дел, предвидено да се воспостави надворешен механизам за контрола врз полицијата и да се подобри внатрешната контрола. Исто така, предвидено е да се зголеми финансиската контрола на Министерството за внатрешни работи, да се подобри интегритетот на полицијата. Да се зајакне парламентарната контрола на Агенциите за разузнавање и контраразузнавање.

Предвидено е и да се зајакне контролата на телекомуникациските оператори во делот на следење на комуникациите, односно да се овозможи собраниските комисии да вршат надзор над телекомуникациските оператори; да се воведат построги казни за вработените во операторите кои неовластено ќе пристапат или ќе овозможат пристап до мета-податоците или до содржината на комуникациите. Во овие мерки предвидено е и да се подобри транспарентноста на државните институции и операторите. Да се воведе законска обврска за судовите на годишно ниво да објавуваат колку барања добиле од државните орган за следење на комуникациите- односно, за колку лица се побарани, на која основа и колку такви барања биле прифатени, а колку одбиени. Истава оваа обврска е предвидена и за операторите (на годишно ниво) да објавуваат податоци за бројот на добиените налози и за бројот на следени телефонски линии.

„Ова поглавје на документот произлезе како производ на активниот придонес на шест невладини организации и еден експерт на темата кои земаа свое учество на Форумот на граѓанските организации кој се одржа на 4 и 5 јули оваа година. Истовремено, тој претставува израз на долгогодишното искуство и експертиза на контрибуторите кон изработката на овој документ во областа на Контрола врз полицијата и агенциите за безбедност и (контра)разузнавање“, велат од „Евротинк“.

Агенција за разузнавање Евротинк контрола полиција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.