САД соопштија денес дека успешно собориле балистички ракетен објект со среден опсег користејќи систем за следење за кој се надеваат дека ќе се постави на Корејскиот полуостров.
Северна Кореја пред два дена соопшти дека успешно тестирала интерконтинентален балистички проектил со голем дофат кој ја опфаќа целата копнена територија на САД. Ова соопштение го зголеми тензиите помеѓу Вашингтон и Пјонгјанг.
Агенцијата за противракетна одбрана на САД соопшти дека во американскиот тест, авионот C-17 кој летал над Тихиот океан, исфрлил проектил со среден дострел кој бил откриен, следен и пресретнат од единицата на ТАААД во Алјаска. Агенцијата додаде дека тоа бил 15-тиот успешен обид за интервенција од неколкуте тестови за системот, од кои одредени делови беа преместени во Јужна Кореја под раководство на претходната влада во Сеул.
Воените авиони полетале од воздухопловната база Андерсен во Гуам до јапонскиот воздушен простор, каде што им се придружиле јапонските авиони Ф-2, соопштија американските воздухопловни сили. Потоа се вратиле во базата.
Северна Кореја денес изјави дека нејзиниот последен ракетен тест е “остро предупредување” до САД и нивната желба да воведат нови санкции за Пјонгјанг и додаде дека ќе одговори доколку дојде до воени провокации од страна на Вашингтон.




