Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи денеска ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов.
На средбата која ќе се одржи во вила „Водно“ ќе присуствуваат и претставници на Секретаријатот за европски прашања.
Како што најавија од Владата, Османи ќе го запознае Иванов со Планот 3-6-9 и со активностите кои владата планира да ги преземе за забрзување на евроинтеграцијата на Македонија.
По средбата, предвидено е Османи да даде изјава за медиумите.