НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Итни мерки за подобри услови во Специјалниот завод – Демир Капија

0
By Нова ТВ on August 1, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерката за труд и социјална политика соопшти дека денеска министерката Мила Царовска одржала состанок со работната група за дефинирање на Акцискиот план за итни мерки за подобрување на состојбите во Специјалниот завод Демир Капија

На средбата детално се разгледале сите итни мерки од акцискиот план кои се однесуваат на подобрување на состојбите во Специјалниот завод Демир Капија, подобрување на условите за престој на корисниците преку почитување на основните човекови права, зголемување на нивната мобилност, пристап во работата со крајните корисници, како и идните чекори во оваа насока.

Претставниците на агенциите на Обединетите нации, како и претставниците на Делегацијата на Европската унија, ги образложиле нивните активности во поддршка на итниот план, а дополнително Министерката за труд и социјална политика ги претстави краткорочните и среднорочните приоритети на МТСП:

• Договорена е забрана за нови сместувања во институциите кои згрижуваат деца/лица со попреченост (која е веќе на сила);
• Во текот на наредните две недели, центрите за социјална работа треба да направат индивидуална проценка на сите деца кои се сместени во институциите и да подготват индивидуален план за секое дете;
• Да се предвидат волонтерски тимови од граѓанскиот сектор кои ќе помогнат во работењето и подигнувањето на стручните капацитети на Специјалниот завод – Демир Капија;
• Ќе се овозможат тренинзи за стручните лица кои работат во Специјалниот завод, а кои се однесуваат на подготовка на планови за трансформација и за обезбедување на услуги во локалната заедница;
• Итно подобрување на хигиенските услови и здравствената нега во установата;
• Ќe се поддржи регионална соработка со државите и стручните лица од институциите од балканскиот регион;
• Ќе се поддржи отворање на мал групен дом за децата кои се сместени во Демир Капија, во насока на нивно деинституционализирање;
• Ќе се организираат работни средби на меѓународните агенции, ЕУ и МТСП на техничко ниво, со цел да се операционализираат сите активности и да се поделат улогите во процесот;
• Ќе се организира донаторска конференција за Специјалниот завод Демир Капија

На состанокот со кој раководеше Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, присутни беа и Координаторот на ОН во земјата и постојан претставник на УНДП, Луиза Винтон, постојаниот претставник на УНИЦЕФ за Македонија, Бенџамин Перкс, претставникот на Делегацијата на ЕУ, Нафи Сарачини, Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет за човекови права и претставникот на проектот финансиран од страна на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Владимир Крстевски.

Мила Царовска министерство за труд и социјална политика Специјален завод Демир Капија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.