НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фудбал: Реал М. без пораз во финале со Зидан и 66 меча со даден гол

0
By Нова ТВ on August 9, 2017 ВЕСТИ
Фото: uefa.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Реал Мадрид е првиот клуб што успеа да ја одбрани титулата во УЕФА Суперкупот по Милан во 1990 година. „Кралевите“ во Скопје славеа над Манчестер јунајтед со 2:1 и по четврти пат се упатија кон „Сантијаго Бернабеу“ со гравирана реплика на престижниот победнички пехар. По оригиналот, за што се потребни три победи во низа или вкупно пет, ќе може да атакуваат на 14 август догодина во Талин, но само ако останат владетели во Лигата на шампиони што е единствен начин за учество на големиот настан на „Ле Кок арена“ во естонската престолнина. Трофејот во трајна сопственост засега го имаат Милан и Барселона.

Фото: uefa.com

„Кралскиот“ клуб со неколку рекорди и моменти за нотирање донесе во спектакуларната фудбалска вечер во Скопје. Под водство на Зинедин Зидан ја забележа петтата победа во петтото одиграно финале. Но, францускиот менаџер може да биде задоволен и од други аспекти на екипата што ја предводи како на пример рекордната серија од 66 официјални настапи во сите натпреварување во кои Реал Мадрид постигнува барем еден гол.

Манчестер Јунајтед, секако, посакуваше со победнички изјави и во голем стил да влезе во новата сезона во домашната сцена и во Лигата на шампиони, но третиот пораз во четвртиот Суперкуп натпревар беше неизбежен за неговите фудбалери. Ако е за утеха, сепак, од настапот на „Телеком арена“ може да се извлечат и позитивни заклучоци и да се почувствуваат позитивни вибрации од составот на Жозе Мурињо.

Фото: uefa.com

Првиот е Немања Матиќ кој на скопскиот тревник покажа зошто Португалецот го посакуваше во екипата и беше упорен во реализација на трансферот. Вториот е поврзан со Ромелу Лукаку кој понуди неспорна надеж за голови и да не го заборавиме Маруан Фелаини кој уште еднаш се претстави како ефективен фудбалер за Јунајтед. Тоа најдобро се виде по влегувањето во игра, се избори за топка и продолжување на нападот по кој тимот од „Олд трафорд“ го прослави единствениот погодок, па очекувањата одат во насока дека ќе има огромен придонес за екипата во предизвиците што следуваат почнувајќи од викендот.

Манчестер Јунајтед Реал Мадрид Суперкуп фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.