НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почна Ју-Ес опен: Мугуруза загуби само три гема со Лепченко

0
By Нова ТВ on August 28, 2017 СПОРТ
Фото: usopen.org
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Гарбиње Мугуруза успешно ја почна мисијата „Ју-Ес опен“. Шпанската тенисерка ја имаше честа да излезе прва на „Артур Еш“ стадионот во Њујорк во воведниот меч на последниот гренслем во сезоната, но и набрзина да заврши работа во дуелот со Варвара Лепченко. Третата носителка ѝ препушти само три гема на американската ветеранка (6:0, 6:3) за продолжување на позитивната низа на победи и порази по Вимбдлон што сега е 16:2 за 23 годишната девојка родена во Каракас, Венецуела.

По триумфот на лонднскот гренслем, таа триумфира и во Синсинати, а двата пораза ги доживеа во полуфиналето во Станфорд и во четврт-финалето во Торонто.

„Секогаш вадам максимум од себе кога сум на терен. Нема загубен поен за мене и никогаш не се предавам. Мислам дека Варвара почна малку нервозно, а јас како што посакував и планирав“, рече Мугуруза по првата победа во кариерата на „Артур Еш“.

Наредна ривалка на Шпанката, која се соочуваше со порази во второто коло на последните две изданија на Ју-Ес опен, ќе биде подобрата од дуелот меѓу Кинеската Дуан Јинг Јинг и американската квалификантка Клер Лиу која со своите 17 години е најмлада тенисерка во главниот костур на женскиот турнир во Њујорк.

Повлекувањето на Мареј ги разбесни фановите на Федерер и на Надал

Почетокот на 137. издание на Ју-Ес опен мина во знак на одлуката на Енди Мареј да го откаже учеството во последен момент иако се пријави за настап и учествуваше во ждрепката за турнирот што оваа година се игра за награден фонд од 50,4 милиони долари. Британецот, е чини, одигра тактички, но ги разбесни фановите на Роџер Федерер и на Рафаел Надал.

Дека болките во неговиот повреден колк не дозволуваат максимален напор и се, како што образложи, пресилни да може да атакува на титулата во Њујорк, Мареј кажа ден по ждрепката. Со тоа се направи поместување само во натпреварувачкиот костур каде се најде, моментно, деветтиот светски рекет, па сите носители во тој дел добија нови позиции, а со тоа и противници.

Позадина во одлуката на Британецот „намирисаа“ навивачите на Надал и на Федерер. Ако Мареј се повлечеше пред ждрепката, тогаш втор носител на турнирот ќе беше Федерер со што ќе дојдеше до раздвојување со Надал до финалето што и најмногу го посакуваше публиката во Њујорк.

Но, прво финале на Ју-Ес опен меѓу Шпанецот и Швајцарецот сега не е можно, па нивните фанови и оние неутралните ќе мора да се задоволат со класика во полуфиналето, се разбира ако двајцата тенисери стигнат дотаму.

Ју-Ес опен, 1 коло

Жени

Мугуруза (3., Шпанија) – Лепченко (САД) 6:0, 6:3

Квотова (13., Чешка) – Јанковиќ (Србија) 7:5, 7:5

Гарсија (18., Франција) – Мартинцова (Чешка) 6:0, 6:1

Сакари (Грција) – Бертенс (24., Холандија) 6:3, 6:4

Рибарикова (31., Чешка) – Џорџи (Италија) 6:3, 6:4

Кенин (САД) – Дејвис (32., САД) 7:5, 7:5

Кр. Плишкова (Чешка) – Егучи (Јапонија) 6:2, 6:2

Корне (Франција) – Вотсон (В. Британија) 6:4, 6:4

Викери (САД) – Вихљанцева (Русија) 4:6, 6:4, 6:1

Ар. Родионова (Австралија) – Хогенкамп (Холандија) 7:5, 7:5

Александрова (Русија) – Заја (Германија) 6:2, 6:3

Мажи

Карено Буста (12., Шпанија) – Кинг (САД) 6:3 6:2, 7:6

Андерсон (28., Ј. Африка) – Арагон (САД) 6:3, 6:3, 6:1

Едмунд (В. Британија) – Хасе (32., Холандија) 6:3, 7:5, 6:3

Пер (Франција) – Лацко (Словачка) 6:3, 6:2, 7:6

Чунг (Ј. Кореја) – Зебалјос (Аргентина) 3:6, 7:6, 6:4, 6:3

Џонсон (САД) – Алмагро (Шпанија) 6;4, 7:6, 7:6

Маер (Германија) – Дутра Силва (Бразил) 7:5, 0:6, 6:3, 6:4

Нори (В. Британија) – Турсунов (Русија) 7:6, 6:1 – Турсунов го предаде мечот

Донској (Русија) – Хајдер Маурер (Австрија) 7:6, 5:1 – Хајдер Маурер го предаде мечот

Гарбине Мугуруза Ју-Ес опен тенис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.