Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лилјана Спасоска е в.д. републички јавен обвинител

0
By Нова ТВ on August 29, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 29, 2017 13:21

Советот на јавни обвинители на денешната седница ја назначи обвинителката Лилјана Спасоска за вршител на должноста републички јавен обвинител на местото на Марко Зврлевски.

Спасoска ќе ја извршува должноста до изборот на нов јавен обвинител на Република Македонија.

 

Лилјана Спасоска е родена во Скопје во 1954 година. Основно и средно образование завршила во Скопје. Дипломирала на Правниот факултет во Скопје на 04.01.1977 година. На 01.03.1977 година започнува да работи како приправник во тогашното Окружно јавно обвинителство – Скопје, а во 1978 година станува стручен соработник во истото обвинителство. На 01.12.1984 година е именувана за заменик јавен обвинител во тогашното Општинско јавно обвинителство – Скопје. Таа функција ја извршува до 01.04.2003 година, кога е именувана за заменик јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство – Скопје. За јавен обвинител во Јавното обвинителство на Република Македонија е избрана на 01.06.2009 година. Од декември 2013 година ја извршува и функцијата заменик на Јавниот обвинител на Република Македонија.

Владата на седница на 22 август му предложи на Собранието да ја почне постапката за избор на нов државен јавен обвинител.

Собранието на 17 август го разреши Марко Зврлевски од функцијата јавен обвинител. Во причините за разрешувањето Владата наведе дека Зврлевски ја вршел функцијата незаконито, ненавремено и недоволно стручно. Со своето однесување и дејствување, според Владата, покажал дека не е способен за извршување на функцијата и го нарушил нејзиниот углед.

Рокот за пријавување на кандидатите е 15 дена од објавување на огласот во „Службен весник”.

Советот на јавни обвинители, пак, има рок од 15 дена од денот на прием на документите да даде позитивно или негативно мислење за сите пријавени кандидати.

Потоа постапката продолжува во Владата која на седница ги разгледува кандидатурите, вклучително и мислењето од Советот на јавни обвинители и треба да донесе одлука за еден од кандидатите за кој претходно постои позитивно мислење од Советот. Потоа одлуката оди во Собрание како Предлог решение, а истовремено се доставува и мислењето на Советот на јавни обвинители. За именување на јавен обвинител Собранието одлучува со просто мнозинство од 61 глас.

Мандатот на државниот јавен обвинител е шест години со право на повторно именување.

 

Лилјана Спасоска Републички јавен обвинител Совет на јавни обвинители
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026
ФОКУС
April 18, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

ВЕСТИ April 18, 2026

 Родителите бараа одговори кој кого штити и зошто не се постапувало навреме за да се…

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

April 16, 2026

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026
ТИКЕР

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.