НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

И новата влада го крие договорот за рудникот за злато во Иловица

3
By Сашка Цветковска on August 29, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за економија одби да и го достави на НОВАТВ договорот за концесија и експлоатација на бакар и злато со Еуромакс Ресоурсес Лимитед, канадската компанија која што доби договор со претходната влада да вади злато во местото Иловица, струмичко. Во неговото нејасно образложение министерот Крешник Бектеши вели дека „предметот е во постапка на усогласување при што доставувањето на содржината би предизвикало погрешно разбирање на содржината“. Дополнително, во одговорот на нашето барање испратено согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, министерот се повикува на член 5 од Законот за слободен пристап до информации од јавен каратктер, а тоа дополнителни ни отежнува да разбереме зошто министерот се повикува на очигледно случајно одбррани членови од Законот за да го оправда криењето на оваа информација. Еве што вели член 5 од Законот:

Член 5

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер еднаш годишно (во средствата за јавно информирање, билтен, интернет страница) објавува листа на иматели на информации од јавен карактер и на одговорното лице на имателот на информации.

Иловица, како и планот за ископ на руда од страна на Сардич МЦ, предизвикаа многу контроверзи уште кога минатата влада ги склучи договорите. Граѓанските еколошки иницијативи се спротиставија на најавите да се копа руда и да се користат тешки отрови како цијанид и солна киселина при обработката на рудните продукти и тоа во регионот којшто практично ја храни Македонија, а граѓаните живеат од земјоделие со тенденции да го зголемат органското производство и да инвестираат во рурален туризам. Граѓаните на Дојран, Гевгелија и Богданци веќе се изјаснија на локални референдуми против рудници на нивната територија и уште еднаш ги демонстрира нивните заложби за живот и економски перспективи согласно традицијата на земјоделието и органската храна и чиста енергија.

Инвеститорите, пак, тврдат дека ќе употребувале нови технологии кои немале да загадуваат. Во последно време тие добиваат поддршка и од ресорните министерства, како министерот за економија, но и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

Поврзани стории:

Шест нешта за рудникот во Казандол за кои сите мора да знаеме

На овој линк прочитајте го и истражувањето на Владо Апостолов од „Призма“ за рудникот во Иловица.

 

Иловица Рудници Сардич
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.