Нов „циркус“ на Ник Кирјос кој го заврши настапот на Ју-Ес опен уште во првото коло. Темпераментниот Австралиец ја загуби контролата врз себе во поразот од сонародникот Џон Милман со 6:3, 1:6, 6:4, 6:1, па емитуваше дел од својот недоличен репертоар за време на мечот. Повредата на рамото, за што побара и медицински тајм-аут на почетокот на третиот сет, го спуштија нивото на негова игра и во немоќ да го сврти резултатот почна со нему својствениот стил на однесување.
Предупредувањето од судијата Карлос Рамос дојде по серијата пцовки на Кирјос, а бесот подоцна го искали и на рекетот кој по удар во подлогата заврши како отпадок. Но, ниту емотивното „проветрување“ што по кој знае кој пат си го дозволи Австралиецот не му беше од помош да се избори за продолжување на престојот во Њујорк.
Со елиминација на стартот на американскиот тениски гренслем се соочи и Иво Карловиќ. Подобар од хрватскиот „бомбардер“ беше Американецот Бјорн Фратанџело кој славеше со 7:6, 6:4, 3:6, 7:6.
Одличен вовед на Ју-Ес опен забележа Дамир Џумхур. Најдобриот тенисер на БиХ се проби во второто коло по триумфот над Пабло Куевас, 27 носител и моментно 35 на АТП ранг листата, со 7:5, 7:6, 6:1.
Покрај Кирјос и Куевас, запрени во првото коло беа и Италијанецот Фабио Фоњини (22 носител) кој загуби од сонародникот Травалја со 6:4, 7:6, 3:6, 6:0 и Французинот Ришар Гаске (26 носител) кој беше поразен од Аргентинецот Леонардо Маер со 3:6, 6:2, 6:4, 6:2.
Ју-Ес опен – натпрварувачки ден 3
Мажи, 1 коло
Тим (6., Австрија) – Де Минаур (Австралија) 6:4, 6:1, 6:1
Димитров (7, Бугарија) – Сафранек (Чешка) 6:1, 6:4, 6:2
Гофан (9., Белгија) – Бенето (Франција) 6:4, 2:6, 6:4, 6:2
Баутиста Агут (11., Шпанија) – Сепи (Италија) 6:2, 4:6, 6:2, 7:6
Милман (Австралија) – Кирјос (14., Австралија) 6:3, 1:6, 6:4, 6:1
Бердих (15., Чешка) – Харисон (САД) 6:4, 6:2, 7:6
Монфис (18., Франција) – Шарди (Франција) 7:6, 6:3, 6:4
Травалја (Италија) – Фоњини (22., Италија) 6:4, 7:6, 3:6, 6:0
Дел Потро (24., Аргентина) – Лаксонен (Швајцарија) 6:4, 7:6, 7:6
Маер (Аргентина) – Гаске (26., Франција) 3:6, 6:2, 6:4, 6:2
Џумхур (БиХ) – Куевас (27., Уругвај) 7:5, 7:6, 6:1
Манарино (30., Франција) – Беранкис (Литванија) 6:2, 6:4, 6:2
Колшрајбер (33., Германија) – Смичек (САД) 6:1, 6:4, 6:4
Фриц (САД) – Багдатис (Кипар) 6:4, 6:4, 6:3
Сугита (Јапонија) – Бланкано (Франција) 6:2 6:2, 6:0
Фратанџело (САД) – Карловиќ (Хрватска) 7:6, 6:4, 3:6, 7:6
Пелја (Аргентина) – Дарсис (Белгија) 6:1, 6.2, 6:0
Јужњи (Русија) – Кавчич (Словенија) 6:3, 5:7, 6:4, 6:3
Рублев (Русија) – Бедене (В. Британија) 6:1, 6:4, 6:4
Менендеш Масеираш (Шпанија) – Кипсон (САД) 6:4, 7:6, 6:1
Браун (Германија) – Белучи (Бразил) 6:4, 6:3, 6:2
Јанг (САД) – Мартерер (Германија) 6:3, 1:6, 6:1, 6:4
Даниел (Јапонија) – Пол (САД) 6:1, 4:6, 4:6, 6:2, 6:2
Троицки (Србија) – Гомбош (Словачка) 3:6, 6:3, 3:6, 6:4, 6:3
Вердаско (Шпанија) – Поспишил (Канада) 6:2 – Поспишил го предаде мечот
Долгополов (Украина) – Штруф (Германија) 3:6, 6:3, 6:2, 1:6, 6:3
Жени, 1 коло
Свитолина (4., Украина) – Синијакова (Чешка) 6:0, 6:7, 6:3
Кузнецова (8., Русија) – Вондрусова (Чешка) 4:6, 6:4, 7:6
Родина (Русија) – Бушар (Канада) 7:6, 6:1
Хибино (Јапонија) – Белис (САД) 6:3, 4:6, 7:5
Жабер (Тунис) – Мајнор (САД) 6:1, 7:5
Богдан (Романија) – Таунсенд (САД) 6:4, 4:6, 6:3
Брејди (САД) – Петковиќ (Германија) 6:4, 3:6, 6:1
Роџерс (САД) – Деј (САД) 6:2, 4:6, 6:4
Гибс (САД) – Сепеде Ројг (Парагвај) 6:0, 1:6, 6:1
Путинцева (Казахстан) – Жук (Русија) 7:6, 6:3
Никулеску (Романија) – Младеновиќ (Франција) 6:3, 6:2
Марија (Германија) – Крацер (САД) 6:1, 6:1
Канепи (Естонија) – Скијавоне (Италија) 0:6, 6:4, 6:2
Алертова (Чешка) – Петерсон (Шведска) 6:2, 7:6