Северна Кореја соопшти дека ќе ги погуби јужнокорејските новинари, бидејќи го повредиле угледот на земјата и нејзиното достоинство со прикажување на книгата за животот во оваа земја и интервјуата со авторите.
Официјалната новинска агенција КЦНА го пренесува соопштението на судот во кое е изразено големо незадоволство од описот на животот во Северна Кореја кој како што се опишува е се повеќе капиталистички.
Исто така се критикува и насловот на јужнокорејското издание на книгата „Капиталистичка Народна Република Кореја“ на чија корица, црвената ѕвезда од грбот е заменета со американски долар.
Севернокорејскиот суд исто така ги осуди на смрт претседателите на двата јужнокорејски весници за кои работеле овие новинари.
Јужнокорејското министерство за обединување го предупреди северниот сосед веднаш да престане со заканите кон граѓаните на Јужна Кореја.
Сеул е подготвен да ги преземе сите неопходни мерки за да ги заштити своите граѓани, се вели во соопштението.
Пјонгјанг директно не им се закани бна британските автори на книгата “Северна Кореја доверливо: Приватни продавници, модни трендови, затворски логори, дисиденти и дезертери“, но оцени дека во книгата виситината е „злонамерно искривена“.
Автори на книгата се Даниел Тјудор, поранешен новинар на Економист и Џејмс Пирсон, дописник на Ројтерс.