По вторпат за помалку од 48 часа, Роџер Федерер ги одржа надежите за шеста титула на Ју-Ес опен по триумф во пет сета. Сопственикот на 19 гренслем титули овојпат беше подобар од Михаил Јужњи со 6:1, 6:7, 4:6, 6:4, 6:2 и закажа средба со Шпанецот Фелисијано Лопез во третото коло.
Рускиот тенисер пружи силен отпор на Швајцарецот иако првиот сет не навестуваше маратон. Федерер го доби на рутина со 6:1 на што Јужни одговори со освојување на наредните два (7:6. 6:4) за пресврт и внесување на неизвесност во мечот.
Но, ветеранот од Базел, по којзнае кој пат во кариерата, ги истакна своите квалитети кога му е најтешко и најпотребно. Четвртиот сет го реши во своја корист со 6:4 за израмнување на 2:2, а со убедливи 6:2 го освои и решавачкиот за конечен триумф по три часа и 11 минути игра.
Престојот во Њујорк заврши за седмиот носител, Григор Димитров. Кобен за Бугаринот беше Рублев кој го порази со 7:5, 7:6, 6:3. Второто коло беше максимум и за Чехот Томаж Бердих кој загуби од Долгополов со 3:6, 6:1, 7:6, 6:2.
Ју-Ес опен – натпреварувачки ден 4
Мажи, 2 коло
Федерер (3., Швајцарија) – Јужњи (Русија) 6:1, 6:7, 4:6, 6:4, 6:2
Тим (6., Австрија) – Фриц (САД) 6:4, 6:4, 4:6, 7:5
Рублев (Русија) – Димитров (7., Бугарија) 7:5, 7:6, 6:3
Баутиста Агут (11., Шпанија) – Браун (Германија) 6:1, 6:3, 7:6
Долгополов (Украина) – Бердих (15., Чешка) 3:6, 6:1, 7:6, 6:2
Монфис (18., Франција) – Јанг (САД) 6:3, 6:7, 6:4, 2:6, 7:5
Дел Потро (24., Аргентина) – Менендеш Масеираш (Шпанија) 6:2, 6:3, 7:6
Манарино (30., Франција) – Фратанџело (САД) 6:3, 6:7, 6:1, 6:2
Лопез (31., Шпанија) – Вердаско (Шпанија) 6:3, 6:2, 3:6, 6:1
Колшрабер (33., Германија) – Хиралдо (Колумбија) 6:2, 6:1, 3:0 – Хиралдо го предаде мечот
Милман (Австралија) – Јазири (Тунис) 6:1, 7:6, 6:1
Троицки (Србија) – Травалја (Италија) 7:6, 7:5, 6:0
Џумхур (БиХ) – Стебе (Германија) 4:6, 6:4, 6:0, 6:1
Жени, 2 коло
Ка. Плишкова (1., Чешка) – Гибс (САД) 2:6, 6:3, 6:4
Свитолина (4., Украина) – Родина (Русија) 6:4, 6:4
Остапенко (12., Летонија) – Кирстеа (Романија) 6:4, 6:4
Брејди (САД) – Стрицова (23., Чешка) 6:1, 6:1
Роџерс (САД) – Гаврилова (25., Австралија) 7:6, 4:6, 7:6
Жанг (27., Кина) – Озаки (Јапонија) 6:0, 6:3
Канепи (Естонија) – Викмаер (Белгија) 6:4, 6:2
Осака (Јапонија) – Алертова (Чешка) 6:3, 4:6, 7:5
Касаткина (Русија) – Мекхејл (САД) 7:5, 6:3
Никулеску (Романија) – Богдан (Романија) 6:2, 3:6, 6:3