Ханис Багашов е млад уметник кој во своето портфолио може да се пофали дека соработувал со врвни уметници од домашната сцена. Неколку пати соработувал со Златко Ориѓански како за неговите така и за своите проекти. Соработувал и со Слободан Унковски, а во филмот на Теона Митевска „Кога денот немаше име“ пак, игра една од главните улоги.
„Проектите кои ги работам не ме менуваат како личност“, вели Ханис во Портретот кој НОВА го изработи за одблизу да се запознаеме со него.