НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жителите на Босилово не ги интересира дали ќе им никне рудник

0
By Нова ТВ on September 3, 2017 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Референдумот во Oпштина Босилово за отворање рудници е неуспешен. На 19-те гласачки места во оваa општина не излегоа потребните 6.151 граѓанин за да биде исполнет законскиот цензус за да референдумското изјаснување биде легитимнo.

Според првичните информации од избирачките места, речиси во секое населено место излезноста на граѓаните е под 50 отсто. Според неофицијалните резултати, што ги објави порталот Сакамдакажам.мк граѓаните кои излегоа на референдумот гласале против Иловица и отворање други рудници.

Неофицијално, до 19 часот на изјаснување излегле 40 отсто.

Од невладината „Здрава котлина“, која е иницијатор за референдумот, велат дека ваквиот исход е катастрофален и срамен. Најавија дека нема да се откажат од стопирање на рудникот за бакар и злато кај Иловица туку ќе поднесат барање до Владата и сите други институции да се направи ревизија на тој проект и ревизија на сите студии кои се преполни со работи кои се штетни за самата природа, човечкото здравје.

Референдум за рудникот кај Иловица ќе има и во Општина Ново Село, закажан е за 17 септември.

НОВА ТВ неколку пати побара од Владата да обелодени што содржи договорот за концесија и експлоатација на бакар и злато во рудникот во Иловица. минатата недела и министерот за економија Крешник Бектеши на прес конференција одби да го стави на увид на јавноста документот со Еуромакс Ресоурсес Лимитед, канадската компанија која што доби договор со претходната влада да вади злато во ова струмичко село.

Според него во него нема ништо спорно.

Договорот за рудникот Иловица и натаму под превезот на тајноста

НОВА ТВ се обиде договорот за концесија на рудникот Иловица да го добие од Министерството за економија согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, но оттаму ни испратија допис со одговор дека „предметот е во постапка на усогласување при што доставувањето на содржината би предизвикало погрешно разбирање на содржината“.

Босилово Иловица референдум
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.