НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хамилтон по победата во Монца: Мерцедес има помоќен мотор од Ферари

0
By Нова ТВ on September 3, 2017 СПОРТ
Фото: formula1.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Луис Хамилтон е нов лидер во Формула 1 шампионатот во оваа сезона. По вчерашната пол-позиција, 69 во кариерата, британскиот возач на Мекларен го комплетира успешниот викенд во Италија со денешниот триумф на патеката во Монца и го симна Себастијан Фетел од првото место во генералниот пласман. До шестата победа во 2017 година, вкупно 59 во неговото досие, стигна со време од 1:15:32,312 часа. Второто место го освои Валтери Ботас (+4,471 секунди), трет низ целта мина германскиот пилот на Ферари (+36,317 секунди).

„Ја обожувам оваа патека во Монца и страста на фановите. Посебно оние на Ферари. Енергијата што е присутна овде можете да ја почувствувате само уште во Силверстон. Презадоволен сум од настапот. Сите во тимот, без исклучок, завршивме одлична работа, се функционираше беспрекорно овој викенд. Мерцедес има помоќен мотор од Ферари“, рече Хамилтон по четвртата победа во италијанското гранпри, последно на европскиот континент за оваа сезона.

Пофални зборови за болидот на Мерцедес и за луѓето во боксот на тимот од Брекли во Велика Британија искажа и Финецот Валтери Ботас кој, исто така, заврши одлична работа на патеката. Тргна со проблеми, беше претекнат од Кими Раиконен уште на стартот, но подоцна ги презеде конците во свои раце и на крајот успеа да се пробие до подиумот.

„Имав непријатен почеток. Ја загубив позицијата, па морав да наведнам глава, да работам и чекор по чекор да ја вратам. Болидот одлично ме слушаше и служеше. Неверојатно е колку бевме брзи денеска. Ова е совршен резултат за екипата“, истакна моментно третопласираниот во генералниот пласман, Ботас.

Фетел ја опиша трката како забавна и покрај освоеното трето место. Германецот не очајуваше премногу за пласманот и за загубеното прво место во севкупниот редослед. Истакна дека очекува неизвесност до крај на сезоната и дека и тој и неговиот болид ќе бидат конкурентни за шампионската титула во преостанатите седум трки (Сингапур, Малезија, Јапонија, САД, Мексико, Бразил и Абу Даби).

„Стартот не ми беше најдобар, а ми требаше и време да стекнам доверба во болидот. Го немавме темпото на водечките двајца, но беше извонредно чувството од поддршката што ја имавме крај патеката. Иако трката беше тешка и заврши како што заврши, свесни сме дека поседуваме многу силни машини и ќе бидеме силни до крај на сезоната“, порача Фетел кој досега во сезоната собра 235 бода, три помалку од Хамилтон.

Четврти во Монца беше Австралиецот од тимот на Ред Бул, Даниел Рикардо, петти беше вториот пилот на Ферари, Кими Раиконен. Бодови освоија уште Естебан Окон, Ленс Строл, Фелипе Маса, Серџо Перез и Макс Ферстапен. Трката не ја завршија Фернандо Алонсо (Мекларен Хонда), Маркус Ериксон (Заубер Ферари), Стофел Вандорн (Мекларен Хонда) и Џолион Палмер (Рено).

Наредната трка во Ф1 шампионатот е на 17 септември во Малезија.

Резултати од трката во Монца за ГН на Италија

Луис Хамилтон (В. Британија/Мерцедес) 1:15:32,312 часа

Валтери Ботас (Финска/Мерцедес) +4,471 сек.

Себастијан Фетел (Германија/Ферари) +36,317 сек.

Даниел Рикардо (Австралија/Ред Бул) +40,335 сек.

Кими Раиконен (Финска/Ферари) +60,082 сек.

Естебан Окон (Франција/Форс Индија) +71,528 сек.

Ленс Строл (Канада/Вилијамс Мерцедес) +74,156 сек.

Фелипе Маса (Бразил/Вилијамс Мерцедес) +74,834 сек.

Серџо Перез (Мексико/Форс Индија) +75,276 сек.

Макс Ферстапен (Холандија/Ред Бул) +1 круг, итн.

Генерален пласман кај возачи

Луис Хамилтон 238 бода

Себастијан Фетел 235

Валтери Ботас 197

Даниел Рикардо 144

Кими Раиконен 138

Макс Ферстапен 68

Серџо Перез 58

Естебан Окон 55

Карлос Сајнц 36

Нико Хулкенберг 34, итн.

Генерален пласман кај конструктори

Мерцедес 435 бода

Ферари 373

Ред Бул 212

Форс Индија 113

Вилијамс Мерцедес 55

Торо Росо 40

Хас Ферари 35

Рено 34

Мекларен Хонда 11

Заубер Ферари 5

 

ГН на Италија Луис Хамилтон Мекларен Формула 1
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.