Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) на денешната седница донесе одлука за започнување постапката за одземање на дозволата на ТВ Алфа поради долг.
Телевизијата има 15 дена рок да собере пари и да го плати долгот кон ОНЕВИП, од каде се емитува сигналот на телевизијата, по што ќе може да продолжи со работата.
– По редовниот мониторинг утврдивме дека не се емитува сигналот на телевизијата. Побаравме од ОНЕВИП да одговорат за што се работи, дали е технички проблемот, зошто не го доставуваат сигналот. На 16 август ни одговорија дека поради неплатени обврски го исклучиле емитувањето и по основа на тоа дека сега е повеќе од 30 дена од неемитување на програма, се дава предлог за отпочнување на постапката за одземање на дозволата, објасни директорот на ААВМУ Зоран Трајчевски.