Владата на Бангладеш тврди дека властите на Мјанмар поставиле мини долж границата меѓу двете земји за да спречат муслиманите кои пребегаа во Бангладеш под притисок на офанзивата на војската да се вратат назад.
Владата на Бангладеш поради тоа го повика на разговор амбасадорот на Мјанмар во Дака за да изрази негодување поради поставувањето мини. Висок претставник на Министерството за надворешни работи на Бангладеш потврди дека за ова веќе ја информирале Владата на Мјанмар.
Репортерот на Би Би Си изјави дека оваа недла најмалку тројца се ранети во експлозија на нагазни мини. Од друга страна, силите за безбендост на Мјанмар пукале на муслиманите Рохинга, кои се обидувале да ја преминат границата со Бангладеш.
Под изговор дека водат се борат против милитантни групи, војската на Мјанмар изминатите неколку дена урнаа најмалку 60 муслимански села од кои десетици илјади жители се присилени да бегаат кон соседен Бангладеш.
Според последните извештаи на ОН, во Бангладеш до сега влегле 123.000 Рохинга муслимани, а десетина илјади чекаат да преминат граница.
Поради фактот дека во кризното подрачје нема претставници на меѓународните организации, невозможно е да се зборува за прецизен биланс на настраданите од нападите врз муслиманските населби. Локалните невладини организации јавуваат за илјадници убиени луѓе.