Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Продолжува голготата на Рохинга во Мјанмар:За 24 часа, 35.000 бегалци

2
By Нова ТВ on September 5, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 5, 2017 16:07

Бројот на бегалци припадници на муслиманскиот народ Рохинга, кои минуваат од Мјанмар во Бангладеш, секојдневно се зголемува, соопштија од ОН, при што само во последниве 24 часа регистрирани се нови 35.000 луѓе, објави Би Би Си.

Се верува дека од 25 август досега повеќе од 123.000 припадници на Рохинга избегале од насилството во државата Мекман во западен Мјанмар.

Камповите за бегалци во Бангладеш се преполни.

Во текот на изминатите недели запалени се повеќе од 2.600 домови во северозападниот дел на Мјанмар, во областа каде живеат Рохинга муслиманите, наведоа претставниците на УНХЦР.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, предупреди претходно дека судирите во Мјанмар можат да предизвикаат хуманитарна катастрофа.

Конфликтот започна по нападите на милитантите од Рохинга врз полициски станици, што предизвика контра акција на војската, што пак принуди илјадници цивили Рохинга да бегаат од од нивните села.

 

Рохинга се муслиманско етничко малцинство кое се соочува со прогон во Мјанмар. Бегалците сведочат дека војниците и бунтовниците од Рахин ги уништуваат нивните села и убиваат цивили со цел да ги протераат. Војската на Мјанмар пак, тврди дека се бори против милитантите наРохинга кои напаѓаат цивили.

Двата главни кампови на ОН во Бангладеш се полни, па луѓето спијат надвор или градат засолништа на отворено и покрај патишта. Многумина имаат потреба од храна и вода.

Засега е тешко да се добијат непристрасни извештаи за ситуацијата на теренот, поради ограничен пристап.

-Безбедносните власти треба веднаш да ги спречат сите форми на насилство таму и да обезбедат хуманитарна помош и помош за развој на краток и долг рок, изјави министерот за надворешни работи на Индонезија Ретно Марсуди.

Индонезија е една од неколкуте земји каде што има протести поради ова прашање. Пакистан и Малезија ги осудија, а Малдивите ја прекинаа трговијата со Мјанмар. Турскиот претседател реџеп Таип Ердоган побара од Су Ки, која де факто е лидер во Мјанмар, да го покрене прашањето за кршењето на човековите права, објавија турските медиуми.

Во понеделникот, висок официјален претставник на ОН за човекови права исто така побара од Су Ки да ги заштити припадниците на Рохинга.

 

Су Ки, добитник на Нобеловата награда за мир, која со години беше во домашен притвор за нејзиниот продемократски активизам, е под зголемен меѓународен притисок да ја осуди акцијата на армијата, но се соочува со моќна војска и со јавноста во Мјанмар кои во голема мерка се непријателски расположени кон припадниците на Рохинга.

Се чини дека многу е тешко да се пронајде држава што би ги прифатила, бидејќи Мјанмар не ги смета за свои државјани, а и Бангладеш, каде веќе има згрижени илјадници бегалци, го дели истиот став.

бегалци Мјанмар Рохинга хуманитарна катастрофа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Србија по изборниот пресврт: Почнува ли расплетот во полицискиот и безбедносниот врв?

November 1, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир се сретна со епископот Партениј: Благодарност за сочувството со украинскиот народ

October 31, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Србија по изборниот пресврт: Почнува ли расплетот во полицискиот и безбедносниот врв?

November 1, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир се сретна со епископот Партениј: Благодарност за сочувството со украинскиот народ

October 31, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.