НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ТВ Нова со говор на омраза дезинформира, стигматизира и манипулира

0
By Нова ТВ on September 11, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Комисијата за жалби, при Советот за етика на медиумите на Македонија, по жалбата поднесена од страна на Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“, донесе одлука со која поднесената жалба против Телевизија „Нова“ за дебатната емисија Отворено студио, ја прогласи за основана. Станува збор за дебатната емисија со наслов „За или против геј бракови“, која се емитуваше на 17 јули 2017 година на Телевизија „Нова“ (www.tvnova.mk).

Во својата одлука Комисијата за жалби најпрво утврдува дека „водителот на емисијата во неколку наврати наметнува сугестивно мислење во однос на темата, кое во себе содржи елементи коишто можат да поттикнат дискриминација по различна основа (во случајот, сексуална). Со тоа, Комисијата најде дека се прекршени членовите 1, 10, 11 и 13 од Кодексот на новинарите на РМ. Во продолжение Комисијата утврдува дека водителката на дебатата, своите мислења ги камуфлира како факти, со што води кон дезинформирање и манипулација со публиката.

-Во емисијата за која станува збор, водителката во ниту еден момент не се обиде да реагира на исказите на говорниците. Наместо тоа, таа дополнително помага во засилувањето на стереотипите кон хомосексуалците во текот на емисијата, бидејќи ги поврзува хомосексуалните бракови со „разорувањето на македонското семејство“. Дополнително, на дебатата немаше претставници од ЛГБТИ заедницата, кои би го кажале својот став за темата, се вели во одлуката.

Преку оваа емисија, констатира Комисијата, медиумот фаворизира ставови кои содржат говор на омраза против лицата со хомосексуална ориентација и ги стигматизира нехетеросексуалците преку изјави кои имаат за цел создавање на ирационален страв од ЛГБТИ лицата и поттикнување вербално и физичко насилство кон нив.

Од Советот за етика во медиумите истакнуваат дека „медиумите и јавноста можат да говорат против геј бракови или против унапредување на кое било право на ЛГБТ лицата и без да употребуваат говор на омраза. Но исказите со кои хомосексуалноста се квалификува како болест се говор на омраза и истите се базирани на предрасуди, а не на научна вистина“.

дискриминација Совет за етика во медиумите ТВ Нова хомосексуална ориентација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.