НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мухиќ: Титулата „национален уметник“ е од тоталитарните режими

0
By Нова ТВ on September 11, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Членовите на Комисијата за култура на Собранието на денешната седница ја почнаа расправата за Предлог-законот за престанување на Законот за национален уметник, но расправата беше прекината поради почетокот на пленарната собраниска седница.

– Во моментов за 2017 година за надоместоците за петте живи уметници потребни се четири милиони денари од буџетот на РМ или во 2018 година за секој месечно по 66 илјади и триста денари. Во стручна дебата на Министерството во која беа вклучени надворешни соработници и истакнати уметници се оцени дека со Законот се прави нерамноправен третман меѓу уметниците. Законот создаваше и нерамноправен третман меѓу националните уметници и другите вработени во културата, рече министерот за култура Роберт Алаѓозовски.

Министерството предлага Законот да престане да важи, а на националните уметници, кои веќе се стекнале со ова право, истото да им биде продолжено.

Од донесувањето на Законот до денес со оваа титула се стекнале шестмина уметници, Симон Трпчески, Есма Реџепова, Борис Трајанов, Ана Дурловска и Никола Маџиров.

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ и поранешна министерка за култура Елизабета Канческа Милевска реагираше дека со предлогот за укинување на Законот се прави голема неправда за една највисока титула во земјата.

– Не може министерот и Министерството самоволно да укинуваат закон. Кога се носеше Законот имаше јавна дебата со учество на врвни уметници, нагласи таа, додавајќи дека во јавноста немало дебата за овој предлог, како што имало пред донесувањето на Законот, во која, како што напомена, била вклучени експерти и претставници на уметниците од сите сфери.

Никица Корубин од ЛДП и реплицираше на Канческа Милевска, нагласувајќи дека во Законот гледа апсурдност, во однос на тоа дали тие две просечни плати националниот уметник ги добива за веќе реализирана кариера или како стимул.

За независниот пратеник Ферди Мухиќ, оваа титула претставува политички архаизам, политичка реликвија, карактеристична за тоталитарните власти.

– Во ниту една демократска држава не постои оваа категорија национален уметник. Мешањето на политиката, власта, моќта, државата е мешање на вода и масло, додаде Мухиќ.

Тој истакна дека овој Предлог е обид за усогласување на „нашата политичка реалност со реалноста на современиот, либерален, демократски свет“. Додаде дека државата треба да се гордее со своите уметници, но тие не треба да добиваат национални статуси и да бидат политички инаугурирани.

Алаѓозовски Закон за национален уметни Канческа-Милевска Комисија за култура Мухиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.