НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Последиците од Ирма и натаму закана за Флорида

0
By Нова ТВ on September 12, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ураганот Ирма кој изгуби од силата и се претвори во тропска бура и натаму слабее кон тропски циклон и веројатно до вечерва целосно ќе ја изгуби силата, соопшти Националниот центар за урагани на САД.

Ирма, која се наоѓа на околу 150 километри југозападно од Атланта и Џорција, во моментов носи ветрови од 55 километри на час и поројни дождови на американскиот југоисток.

Жителите на Флорида во шок се враќаат по бурата во остатоците од домовите. И натаму половина од популацијата во земјата е без струја, а градските улици се под вода, од Орландо и Џејксонвил со Џорџија и Јужна Каролина.

Сепак штетата во Флорида е многу помала од разорното дејство на Ирма во делови од Карибите, каде загинаа 40 луѓе, од кои 10 само на Куба, пред бурата да тргне кон САД.

За време на дејството на Ирма во Џорџија, со ветер од 100 километри на час, брановите предизвикаа поплави во областите Брансвик и Савана во Џорџија до Чарлстон во Јужна Каролина.

Во Чарлстон брановите го урнаа градскиот ѕид и повеќе населби се под вода.

Во Јужна Каролина е регистрирана една жртва- маж кој расчистувал пред куќата за време на циклонот.

Бурата за време на викендот ја предизвика и првата жртва во САД, маж од Мајами Киз кој е пронајден мртов во камион што се забил во дрво поради силниот ветер.

Во понеделникот двајца загинаа при уривање на дрво во две предградија на Атланта.

Околу 6,5 милиони луше, околу третина од жителите на Флорида ги напуштија домовите пред ураганот, а 200.000 побарале засолниште на околу 700 локации.

Гувернерот на Флорида Рик Скот ги повика евакуираните да не се враќаат во домовите се уште поради опасноста од урнатите столбови и пукнатини.

Ураган Ирма Флорида
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.