Задар вчера беше погоден од поплави, незапаметени за овој град. Една од најпогодените локации во градот е Форумот, каде медиумите регистрираа како еден жител на гумено фламинго „плива“ по улиците и ужива во тоа.
По вчерашното невреме, ситуацијата денеска е помирна, но многу од објектите и мнатаму се под вода, водата од водоводот не е за пиење, а дел од сообраќајниците и натаму се затворени.
На задарското подрачје се ангажирани 120 припадници на вооружените сили, а над 600 се во состојба на готовност.
Само во градот, околу 70 тимови од пожарникари и хрватската војска ја црпат водата од поплавените објекти, додека во градот Нин утрово е повикана и една амфибија која ги извлекува поплавените возила.
Според градоначалникот на Задар Емил Ќурко штетите се големи. Уништени се два моста од 16 и 18 век, а во лоша состојба е и соланата.