Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата на Груевски потрошила 225 милиони евра за странски инвеститори

1
By Нова ТВ on September 13, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 13, 2017 10:55

Владата на Никола Груевски за 10 години потрошила 225 милиони евра за 25 компании странски инвеститори кои вработиле вкупно 20.000 луѓе.

Врз основа на податоците содржани во „Анализата на трошоци – наспроти резултатите од странските директни инвестиции во Македонија во периодот 2007 – мај 2017“, портпаролот Миле Бошњаковски рече дека, еден вработен кај странските инвеститори ја чинел државата по 11.000 евра, за кои државата се откажала од 69 милиони евра за ослободување од данок и царини.

„Ова било политика за економско шоу, а не за економски раст“, рече  Бошњаковски.

Повеќето од вработувањата, информираше Бошњаковски, не се нови вработувања, туку работници преземени од македонското стопанство.

„Ова е сумираниот резултат од декласификацијата на договорите склучени во затворен круг, кои биле затворени за јавноста. Договори со кои се игнорирало македонското стопанство. Сакаме да појасниме дека не постоел документ или водич со јасни критериуми за преговарање, или барем ние не го најдовме. Критериуми не постоеле. Преговарале министри, советници, промотори, без никакви критериуми“, рече портпаролот на Владата.

Претходната Влада потрошила 26 милиони евра во кеш на неповратни грантови на странските директни инвестиции: 14 милиони евра за креирање работни места, 5 милиони евра за обуки, 10 милиони за градежни работи.

Странските инвеститори биле ослободени и од плаќање на вкупно 69 милиони евра преку ослободување од даночни и царински давачки. Бошњаковски посочи дека според владината анализа, само 1% од набавките на странските компании доаѓале од македонски добавувачи.

Уште 130 милиони евра од Буџетот се потрошени на привлекување странски инвестиции, за што портпаролот на Владата најави посебна пресконференција.

Претходната Влада, веднаш по завршување на преговорите, ги класифицирала договорените работи и на тој начин ја обезбедувала тајноста на податоците.

Бошњаковски потенцираше дека Владата целосно ќе ги испочитува сите договори и должности кон овие 25 странски инвеститори кои ќе продолжат да ги користат сите досегашни бенифиции, додека најави дополнителни податоци за нови мерки во следниот период.

 

анализа Бошњаковски вработувања Странски инвестиции тајни договори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 27, 2026Updated:June 27, 2026

Ирска нов претседавач со ЕУ: Во програмата за работа следни за прием се Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија – Македонија ја нема

ВЕСТИ June 27, 2026

Ирска од 1-ви јули застанува на чело на ЕУ – во фокусот на проширувањето се…

Каракас: Расте бројот на жртви од земјотресите во Венецуела – досега се евидентирани над 1.000 но над 50.000 граѓани се водат за исчезнати

June 27, 2026

САД извршија нови напади врз Иран

June 26, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.