Министерствоото за труди социјална политика одлучи сите институции да се претплатат на списанието „Лице в лице“ чии што приходи од продажба одат за децата без родители.
Со цел да придонесе во одржливоста на списанието и во креирањето на нови работни места, Владата на Република Македонија на иницијатива на МТСП, усвои Одлука со која ги задолжи сите министерства и државни органи да станат претплатници на списанието ,,Лице в лице’’ и со тоа да ја покажат својата општествена одговорност, рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска на свеченоста која се одржа по повод поттикнување на социјалното претприемништво каде што магазинот и додели признание за нејзиниот ангажман.
„Лице в лице“ е одличен пример за социјалното претприемништво во Република Македонија, списание кое ја подигнува општесвената свест за важни теми и претставува значајна поддршка за надминување на социјалните ризици во кои се наоѓаат ранливи категории на граѓани, преку нивно работно ангажирање, беше речено на свеченоста каде што Царовска и учесниците разговараа за предизвиците на решавање на социјалните проблеми преку иновативни претприемачки решенија.