Ураганот Марија добива на сила како што се приближува до островите Ливард Карибите, јави Би Би Си.
Засега тоа е ураган од прва категорија кој во следните 48 часа се очекува да се засили, а островите ќе ги зафати во текот на денешниот ден, предупреди Американскиот национален центар за урагани.
„Марија“ се движи по истата насока како и ураганот Ирма, кој ги опустоши Карибите на почетокот на овој месец.
Ефектите од ураганот веќе се чувствуваат на Британските Девствени Острови, Ст. Мартин, Ст. Барт, Саби и Ангили. Некои од овие острови сѐ уште се опоравуваат по ураганот Ирма, кој усмрти 37 луѓе и нанесе милијарди долари штета.
Во моментот ветерот дува со брзина од 137 километри на час, а Марија се движи во правецот север-северозапад. Нивото на морето ќе биде од 1,5 до 2 метри повисоко во однос на нормалната клима. Се очекува и 51 центиметар дожд по метар квадратен на зафатените подрачја.
Другиот ураган, наречен Хозе, сѐ уште е активен на Атлантикот.