Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Антикорупциска го одби приговорот на Бедредин Ибраими за ДИК

1
By Нова ТВ on September 20, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 20, 2017 12:59

Антикорупциска комисија го одби како неоснаван приговорот на членот на Државната изборна комисија Бедредин Ибраими од ДПА против Собранието на РМ, според кого со јавниот оглас за нов член на ДИК е прекршен 8-а од Изборниот законик.

На јавна седница денеска членовите на Антикорупциската комисија едногласно одлучија приговорот да биде одбиен зашто нема прекршување на Изборниот законик. Оценија дека упатеното барање за мислење од страна на Ибраими до ДКСК е преурането бидејќи се уште нема настапено повреда на членот 8-а и заклучија дека Антикорупциската комисија нема надлежност да дава толкување на законските прописи и нивна меѓусебна усогласеност.

Известителот по овој предмет, членот на ДКСК Горан Миленков, рече дека измените и дополнувањата на Изборниот законик предвидуваат усогласување на персоналниот состав на ДИК согласно со членот 27 став 5 од Изборниот законик кој вели дека од кандидатите на предлог-листата за членови на Државната изборна комисија тројца членови предлагаат политичките партии во опозиција, и тоа – политичката партија во опозиција со најголем број пратеници во Собранието предлага двајца членови, а политичката партија во опозиција со втор најголем број пратеници предлага еден член во ДИК. Партиите на власт предлагаат тројца членови на ДИК – двајца од партијата со најголем број пратеници, а еден предлага партијата со втор најголем број пратеници во Собранието. Тројца членови во ДИК, пак, се избираат на заеднички предлог од партиите на власта и на опозицијата од редот на пријавените кандидати.

– Овде се работи за едно рационално право на политичките партии да го определуваат персоналниот состав на членовите на ДИК кој е изразено преку одредбите на Изборниот законик. И тука нема никаква повреда од страна на Собранието. Постои измени и дополнувања со кои тоа е уредено и засега никаде не наидовме на податок дека подносителот е разрешен или дека му е ускратено некое негово право или, пак, дека се работи за повреда на членот 8-а. Неспорно е дека е донесен оглас од Собранието, неспорно е дека постои измени и дополнувања на Изборниот законик и тоа е се во согласност со законот, така што сметам дека приговорот на Бедредин Ибраими треба да биде одбиен како неоснован, рече Миленков во образложението за одлуката.

Комисијата за избори и именуивања денеска даде зелено светло Ермира Асани Салија од БЕСА да биде нов член на ДИК, на местото на Ибраими, бидејќи БЕСА е четврта партија по бројност во Парламентот. Промените во ДИК беа овозможени со измените во Изборниот законик.

Антикорупциска Бедредин Ибрахими Дик
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.