НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Започнува изборната кампања за локалните избори

25
By Нова ТВ on September 24, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На полноќ започнува изборната кампања за локалните избори што треба да се одржат на 15 октомври годинава.

Кампањата за првиот изборен круг завршува на 13 октомври во 24 часот.

Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 29 октомври. Изборната кампања за вториот круг завршува на 27 октомври во 24 часот.

Избирачкиот список во кој се извршени сите промени отпечатен во вид на изводи, ДИК го заклучува најдоцна до 24 септември. ДИК го потпишува Избирачкиот список и изводите од него, најдоцна до 29 септември.

Листи со кандидати за градоначалници и за советници имаат поднесено 19 партии и коалиции, а 64 се од групи избирачи.

Листа на кандидати на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата за градоначалници

Листа на кандидати на СДСМ и коалицијата за градоначалници

Со ждрепка во Државната изборна комисија беше утврден редоследот на кандидати на гласачките ливчиња. Кандидатот за градоначалник и листата која го предлага ќе имаат ист реден број. Ако некоја партија не се кандидира во одредена општина, тој број на гласачкото ливче ќе биде прескокнат. Возможно е на пример на гласачкото ливче да ги има само броевите 3, 13 и 19.

Шестите локални избори во Македонија ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје.

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР изборите ќе ги следи со 20 долгорочни набљудувачи, 16 експерти се дел од тимот, а непосредно пред изборите се очекува да пристигнат околу 300 краткорочни набљудувачи. Од асоцијацијата МОСТ ќе го набљудуваат процесот со 80 долгорочни набљудувачи и 2000 краткорочни на денот на изборите кои ќе бидат распоредени во секоја општина. Цивил процесот ќе го следат со 106 акредитирани набљудувачи, но се надеваат на поддршката од неколку стотици соработници, кои како што велат, со години наназад внимателно ја следат целата ситуација.

Медиумски мониторинг на изборното претставување

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги соопшти дека ќе продолжи со мониторингот на изборното медиумско претставување, во согласност со одредбите од Изборниот законик што се применуваат за време на изборната кампања.

Во овој период од изборниот процес, радиодифузерите што одлучиле да ги покриваат изборите треба да ги почитуваат обврските за известување на правичен, избалансиран и непристрасен начин во својата вкупна програма, а на учесниците во кампањата да им овозможат подеднакви услови за пристап, до сите облици на изборно медиумско претставување.

Радиодифузерите треба да ги почитуваат правилата за платено политичко рекламирање – со исклучок на јавниот сервис и за објавување на резултати од испитувањата на јавното мислење поврзани со учесниците во изборниот процес.

За Јавниот радиодифузен сервис важат посебни правила за време на кампањата.

Во информативната програма треба да се обезбеди рамноправен пристап, при што 30% од времето да се одвои за дневните настани од земјата и светот, 30 отсто за активностите на политичките партии на власт, 30 отсто за активностите на политичките партии во опозиција и 10 отсто за активностите на политичките партии кои не се претставени во Собранието на РМ. Во првиот и во вториот круг на гласање, да емитува бесплатно политичко претставување на учесниците во изборниот процес, а од денот на распишување на изборите до изборниот молк да организира дебатни емисии односно соочувања на најголемите политички партии од власта и опозицијата, како и на останатите учесници во изборниот процес.

Програмскиот сервис наменет за емитување на активностите на Собранието на РМ во времетраење од по три часа треба да обезбеди бесплатно политичко претставување на кампањите на политичките партии застапени во Собранието, како и еден час за бесплатно политичко претставување на кампањите на подносителите на листи кои не се застапени во Собранието.

За периодот на изборната кампања Агенцијата ќе објави по два поединечни извештаи за начинот на покривање на изборите за сите медиуми што се предмет на мониторинг. Првиот извештај ќе биде за периодот од 25 септември до 4 октомври, а вториот за периодот од 5 до 13 октомври.

Кодекс за фер избори

Кандидатите за градоначалници на град Скопје на претстојните локални избори во седиштето на Државната изборна комисија (ДИК) потпишаа Кодекс за фер и демократски избори.

Синхоронизирано на различни локации Кодексот го потпишаа и кандидатите за градоначалници во сите општини во Скопје и во целата држава.

Учесниците во изборите за градоначалници и членови на советите на општините и град Скопје закажани за 15 октомври го потпишуваат Кодексот врз основа на член 8-в од Изборниот законик.

Со овој Кодекс учесниците на локалните избори се обврзуваат и си ветуваат еден на друг, но и на сите граѓани на РМ, дека ќе се придржуваат и активно ќе го промовираат овој Кодекс, дека ќе ги почитуваат сите закони, правила и прописи на РМ, кои се релевантни за изборите и ќе го почитуваат владеењето на правото при организирањето и спроведувањето на изборите.

Тие недвосмислено се обврзуваат дека нема да вршат никаков притисок или обид за притисок врз вработените во јавната и државната администрација, во други институции или установи, финансирани од Буџетот на РМ, буџетите на општините и град Скопје, како и во трговски друштва и претпријатија со државен капитал.

Учесниците во изборниот процес, исто така, недвосмилесно се обврзуваат дека ниедно вработено лице или граѓанин нема да биде предмет на каква било закана по однос на своето вработување и социјална сигурност како резултат на нивното поддржување или неподдржување на која било политичка партија или кандидат.

кампања локални избори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.