Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мото ГП: Маркез со трета победа во Арагон, вкупно 34 во кариерата

0
By Нова ТВ on September 24, 2017 СПОРТ
Фото: motogp.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, September 24, 2017 16:39

Марк Маркез ја прослави втората победа во низа во Мото ГП шампионатот, негова петта во сезоната, за зацврстување на лидерската позиција во генералниот пласман. Шпанскиот мотоциклист победи за ГН на Арагон (42:06,816 минути) и покрај грешката на 15 круга пред крајот што го чинеше излетување од патеката и пад на четвртото место. Но, возачот на Хонда покажа неверојатна упорност. Наскоро по кикот го претекна Валентино Роси за избивање на второто место, а со трпелив однос во завршницата го мина и Андреа Довициозо за враќање во улога на предводник на трката што не дозволи повеќе да му биде одземена.

За Маркез ова е вкупно 34 триумф во кариерата во Мото ГП шампионатите, трет на домашен терен. Второто место во Арагон го освои Дани Педроса (+0,879 сек.), трет беше Хорхе Лоренцо (+2,028 сек.), четврти Марк Вињалес (+5,256 сек.), а како петти низ стартно-целната линија мина Роси (+5,882 сек.).

Маркез е лидер во севкупниот редослед со 224 бода пред Довициозо со 208 и Вињалес со 196. До крај на сезоната преостануваат уште четири трки, првата наредна е за ГН на Јапонија на 15 октомври.

Фото: motogp.com

Најбрз во Мото 2 класата во Арагон беше Италијанецот Франко Морбидели (40:09,904 минути) пред сонародникот Матија Пасини (+0,145 сек.) и Португалецот Мигел Оливеира (+0,577 сек.). Морбидели е прв во генералниот пласман во конкуренцијата со 248 бода, Швајцарецот Томас Лути е втор со 227 бода и Оливеира со 157 бода.

Шпанецот Жоан Мир, пак, триумфира во Мото 3 класата со време 25:57,607 минути, а место на подиумот обезбедија и Италијанците Фабио ди Џанантонио (0,043 сек.) и Енеа Бастијанини (+0,051 сек.).

ГН на Арагон Марк Маркез Мото ГП
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.