Лина Ѓорческа бележи голем пад во обете конкуренции на најновите ВТА рангирања. Најдобриот македонски рекет назадува за 16 места во сингл и до наредната листа ќе биде на 228 место во светот со 233 бода. Во дубл, пак, загуби 61 место и застана на 225. со 301 бод.
Во топ 10 без ниту една промена. Гарбиње Мугуруза е водечка светска тенисерка со 6,115 бода пред Романката Симона Халеп со 5,965. По нив следуваат Елина Свитолина (5,640), Каролина Плишкова (5,520), Венус Вилијамс (4,756), Каролина Возњацки (4,640), Џоана Конта (4,520), Светлана Кузнецова (4,410), Доминика Цибулкова (3,810) и Јелена Остапенко (3,781).