НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Реакција во Минхен по поразот од ПСЖ: Баерн го отпушти Анчелоти

0
By Нова ТВ on September 28, 2017 СПОРТ
Фото: thenational.ae
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Баерн Минхен и Карло Анчелоти се разделија. Прекинот на соработката меѓу германскиот великан и трофејниот менаџер доаѓа по нецели 24 часа од убедливиот пораз на Баварците од екипата на ПСЖ со 3:0. Одлуката за раскинување на врската е донесена по состанокот меѓу клупската управа и Италијанецот по враќањето од Париз и објавена е на официјалната интернет страница на клубот од „Алијанц арена“.

„Играта на нашата екипа од почетокот на сезоната не е во рамки на очекувањата. Натпреварот во Париз даде јасна најава дека ќе има последици. Јас и спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ отворено разговаравме со Карло денеска и притоа го известивме за нашата одлука. Она што го видовме не беше Баерн“, нагласи Карл Хакнц Румениге, претседател на Баерн, со чија одлука за Анчелоти се опфатени и асистентите Џовани Маури, Франческо Маури, Давиде Анчелоти и Мино Фулко.

Баварците во ланската сезона под водство на Анчелоти ја освоија титулата во Бундеслигата и стигнаа до четврт-финале во Лигата на шампиони, фаза во која беа елиминирани од Реал Мадрид.

„Благодарност до Карло за стореното во соработката. Жалам што ова се случи. Анчелоти е мој пријател и ќе остане пријател. Но, принудени сме на ваква професионална одлука во интерес на клубот. Очекувам позитивен развој во наредниот период и најдобри игри како би можеле до целите за оваа сезона“, продолжи еден од легендарните германски фудбалери.

Тројца кандидати, според германските медиуми, се опција за наследници на Анчелоти. Тоа се Вили Сањол, Јулијан Нагелсман и Томас Тухел.

Баерн Минхен Карло Анчелоти отказ фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.