Екстремистичката група Исламска држава објави, како што соопшти, нова аудио снимка на нејзиниот лидер Абу Бакр ал Багдади.
На снимката која трае 46 минути говорникот зборува за последните закани на Северна Кореја против Јапонија и Соединетите држави, како и за битките за градот Мосул кој ирачките сили го освоија во јули годинава.
Претходната аудио порака од Багдади беше објавена во ноември лани.
Руската армија соопшти во јуни дека се обидува да верификува дали тој загинал при еден руски воздушен напад во Сирија. Претставник на американската војска пак изјави дека Багади се уште бил жив.
Не е познато кога е снимен овој говор, кој го објави Ал Форукан, „продукциската куќа“ на ИСИС, која објавува аудио-и видеоснимки на џихадистичките организации.
Лидерот на ИСИС веќе неколку пати го прогласуваа за мртов од 2014 година, кога почна подемот на оваа група, но тие гласини не беа потврдени.
САД го проверуваат наводниот аудиозапис на Абу Бакр ал-Багдади објавен вчера, но истакнуваат дека немаат причина да се сомневаат во нејзината веродостојност.
Абу Бакр ал Багдади последен пат се појави во медиум поврзан со неговата група во ноември 2016 година.