НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хрватска го повлече законот според кој „семејство е само со деца“

0
By Нова ТВ on September 29, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Хрватската влада експресно го повлече нацрт предлогот на законот за семејство, со кој се дефинираше дека „не постои семејство без деца“, по жестоките критики на јавноста.

Нацрт предложениот закон е повлечен еден ден откако беше ставен на јавна расправа.

Лавината критики започна поради неколку спорни одредби, но најмногу поради тесната и исклучително дискриминаторска дефиниција на семејството, според која за семејство се сметаат само двојките во брак со деца, и оние кои се разведени или партнерите им починале, но само доколку имаат деца.

Вака дефинираното семејство во законскиот акт предизвика голем број забелешки и предлози, а од надлежниот ресор е соопштено дека се свесни за важноста на подрачјето што се уредува со законот за семејство (во оригинал Обитељски закон) и дена во најголем интерес на јавноста, Министерството за демографија, семејств, млади и социјална политика го повлекува законот од јавното советување, на доработка.

Пропустот го призна и самиот премиер Андреј Пленковиќ, кој претходно денеска изјави дека „вака натаму нема да може да се работи“.

-Ваквите документи можат да предизвикаат големо внимание и се во многу рана фаза на расправа.  Во иднина нема да може да се ставаат закони во јавност додека не ги поминат сите можни координации внатре во владата, изјави Пленковиќ по седницата.

Лидерот на опозицискиот „Мост“ на независни листи Божо Петров изјави дека никако не би било добро доколку брачните сопружници кои не можат да имаат деца да бидат автоматски исклучени.

закон за семејство Хрватска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

ВЕСТИ August 7, 2025

Повисоките царини на претседателот на САД, Доналд Трамп, кои се движат од 10 до 50…

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.