Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВИДЕО:Вистината за енормната смртност на новороденчиња на гинекологија

4
By Менче Атанасова Точи on October 2, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 2, 2017 20:44

Недоволниот број на респиратори за дишење, инкубатори, немањето простор за интензивна нега, болничките инфекции од кои умираат бебиња, лошите услови, нарушените меѓучовечки односи меѓу лекарите се дел од причините за зголемената смртност на новороденчиња, тврдат на  Клиниката за гинекологија. Специјална комисија и санитарни инспектори чешлаат досие по досие, за да  утврдат точно која е причината за големата смртност на новороденчиња. Само во првите девет месеци од оваа година на клиниката починале 127 новороденчиња, минатата година тој број изнесуваше 184 и е двојно поголем од претходната кога починаа 99 новороденчиња.

„Да се прочешла се и да ни препорачаат што треба да правиме. Предвидено е од 3500 до 4000 раѓања, а ние имаме по 6000 годишно.  Има интерхоспитални инфекции, тоа се предвреме родени деца немаат имунитет, сетоа тоа влијае. Имаме само 10 респиратори, нема место за инкубатори. Ние немаме кадар, луѓето се изморени , немаме инструментарки, немаме анестезиолози ги увезуваме од КАРИЛ, немаме педијатри “, изјава Викторија Јовановска директорка на Клиниката за гинекологија.

Оваа млада жена има ризична бременост и скоро два месеца е прикована за кревет кој е стар со децении, со дупка во средината. За секое нејзино движење таа мора да вика медицинска сестра или болничар бидејќи може да се случи при движење да го изгуби бебето.

„Тука сум пет и пол месеци не смеам да станувам и на секое движење барам медицинска сестра или болничар не смеам сама да се свртам. Креветот е стар, неудобен, тешко е. Мислам дека треба нови кревети“, рече пациентка.

Клиниката за гинекологија е стара само пет години, но родилките и трудниците и тие  со ризична бременост престојуваат на стари и искинати душеци, наместо кревети со механизми специјално приспособени за тоа. Оваа соба не е единствената во која бебињата и мајките лежат во искинати кревети. За сметка на тоа претходната директорка си го уредила кабинетот со скап мебел во вредност од 20 000 евра и купила непотребни компјутери.

„Еве, ова се комјутерите и ајпадот, дали и требало на една директорка ова“, рече Јовановска.

Посебно критично е на одделот за интензивна нега каде поради малиот број на респиратори, лекарите се принудени да избираат кое бебе ќе го исклучат пред време од апарат. Недостасуваат и инкубатори, како и простор каде ќе бидат сместени. Нарушените односи меѓу лекарите, притисоците и стравот од претходната власт да се кажат проблемите, го направиле своето.

„ Плаќањето по учинок ги наруши меѓучовечките односи. Но, не е само тоа тука со години никој не смееше никој ништо да каже луѓето беа заплашувани под притисок, казнувани, беше како во војна многу страшно“, изјави Јовановска.

Клиниката за гинекологија денеска ги отвори вратите за јавноста. Од она што го регистрира екипата на НОВА може да се види дека лабораторијата и стерилизацијата се сместени во подрумски простории, каде за време на поплавите излегувале фекалии. Наместо прозорци има решетки од шахти, апаратите стојат на бироа стари по 40 години или на позајмени училишни клупи, а вентилацијата е голем проблем во целата клиника.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 26, 2026

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

ВЕСТИ April 26, 2026

Човекот кој синоќа пукаше на вечерата на дописниците од Белата куќа не е типичен криминалец…

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

April 23, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.