Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Средба Димитров-Коѕиас во Солун: Како до позитивна визија за иднината

1
By Нова ТВ on October 5, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 5, 2017 13:56

Иднината на регионот, чекорите кои треба да се преземат за создавање позитивна визија за таа иднина, зајакнување на соработката меѓу организациите на цивилните општества на двете земји, како и на академските институции, биле дел од темите на денешната средба на шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕиас, одржана на маргините на квадрилатералниот министерски состанок во Солун.

На новинарско прашање дали ќе побара објаснување од Коѕиас за налепниците кои грчките полицајци ги ставаат на македонските возила при влез во Грција, Димитров одговори дека двете земји имаат различни ставови по тоа прашање.

– Можам да го отворам и тоа прашање, меѓутоа различно приоѓаме кон него. За да се реши прашањето што не разделува, треба да најдеме прашање кое не поврзува, нагласи Димитров.

На средбата во Солун, освен Димитров и Коѕиас, учествуваат и министрите за надворешни работи на Бугарија и на Албанија.

Отварајќи ја средбата утрово, Коѕиас најави дека ќе се разговара за безбедносните прашања, јакнење на соработката во оваа сфера во контекст за новите предизвици со кои се соочува регионот, но и светот генерално, засилување на прекуграничната соработка, како и енергетиката, односно можноста за нови проекти во оваа сфера.

– Балканот е регион кој ветува многу во однос на развојот на енергетиката, во смисла на изградба на гасововоди и други проекти, поради што е потребно зајакнување на соработката меѓу земјите од регионот, а пред се на четирите, кои учествуваат денеска на квадрилатералната средба во Солун, Македонија, Грција, Бугарија и Албанија, рече Коѕиас.

На синоќешната работна вечера биле разгледани прашања поврзани со унапредување на меѓусебната соработка меѓу земјите преку министерствата за надворешни работи.

Поединечни состаноци одржуваат министрите за надворешни работи, за внатрешни работи, за енергетика и за економија.

Ова е втора средба во ваков формат, во рамки на напорите на грчката дипломатија за зајакнување на регионалната стабилност и трансграничната соработка меѓу соседните земји од јужниот дел на Балканот. Настанот ќе биде со поширок дневен ред и претставува продолжение на неодамнешните контакти на Коѕиас со неговите колеги од овие три земји за време на Генералното собрание на ОН од 18 до 22 септември во Њујорк.

министри за надворешни Никола Димитров Никос Коѕиас средба во Солун
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026
ФОКУС
April 18, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

ВЕСТИ April 18, 2026

 Родителите бараа одговори кој кого штити и зошто не се постапувало навреме за да се…

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

April 16, 2026

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026
ТИКЕР

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.