НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нобеловата награда за мир за активистите против нуклеарното оружје

0
By Нова ТВ on October 6, 2017 СВЕТ
Фото Ројтерс
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Меѓународната кампања за укинување на нуклеарното оружје (ИЦАН) ја доби Нобеловата награда за мир, соопштено е во Осло.

-Живееме во свет, во кој ризикот од употреба на нуклеарно оружје одамна не бил толку голем, изјави претседателката на норвешкиот Нобелов комитет, Берит Реис-Андерсен денеска во Осло.

Образложувајќи ја одлуката, таа рече дека движењето е наградено за својата работа на укажување на „катастрофалните хуманитарни последици“ од нуклеарното оружје и за напорите за забрана на вакво оружје врз основа на договор. Годинешниот добитник е повик до сите нуклеарни сили да почнат „сериозни преговори“ со цел за постепено и „внимателно проверено уништување“ на атомското оружје во светот.

ИЦАН е формирана во Виена, во 2007 година, а претставува сојуз на околу 450 организации од цел свет. Во меѓувреме активна е во повеќе од 100 земји.

Шефицата на ИЦАН, Беатрис Фин пред објавувањето на добитникот на Нобеловата награда за мир, за агенцијата ДПА ги критикуваше политичарите: „Политичарите велат: ‘Вие активистите не разбирате, во случајот со нуклеарното оружје станува збор за стратешка безбедност’. Но, ние повторно го направивме нуклеарното оружје – хуманитарно прашање.“

Нобеловата награда за мир се доделува од 1901 година. Таа се смета за најважно политичко одликување во светот. Минатата година добитник на наградата беше колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос за своите напори за ставање крај на војната во Колумбија.

ИЦАН Нобелова награда за мир
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.