Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Крафтверк со 3Д концерт во февруари во Скопје

0
By Нова ТВ on October 9, 2017 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 9, 2017 12:24

Германските пионери на електронската музика, легендарните КРАФТВЕРК ќе настапат во Скопје со 3-Д шоу од нивната актуелна и исклучително успешна светска турнеја.

Концертот на КРАФТВЕРК во Скопје, како ексклузивен настан во организација на ТАКСИРАТ и Password Production, ќе се одржи на 27-ми февруари 2018 година во Вип Арена „Борис Трајковски“.

КРАФТВЕРК е една од највлијателните и најзначајните електронски групи во светот чие музичко наследство е легендарно и вонвременско. Како предводник на експерименталната сцена, со својата визија за иднината КРАФТВЕРК ја создаде музичката подлога за дигиталната ера на 21-виот век. Музиката на КРАФТВЕРК изврши огромно влијание врз цел спектар на музички жанрови: од електро до хип-хоп, од техно до синтпоп и не постои речиси ниту еден германски бенд кој толку често се наведува како извор на инспирација и авторитет за илјадници музичари. Поради пресудното влијание и применливоста на електрониката во музиката тие важат за бендот без кој модерната музика денес не би звучела исто.

Мулти-медијалниот проект КРАФТВЕРК е оформен во 1970 година кога Ralf Hütter и Florian Schneider го уредуваат нивното култно електронско студио „Kling Klang“ во Дизелдорф, Германија каде што се зачнати и продуцирани сите албуми на КРАФТВЕРК. Нивната музика, многумина веднаш ја нарекоа авангардна, а тие уште со дебитантскиот албум „Kraftwerk I“ ја наговестија револуцијата во современата музика. По некое време КРАФТВЕРК почнува да функционира како квартет и до средината на ’70-тите години на минатиот век КРАФТВЕРК достигна меѓународно признание за нивните револуционерни електронски звучни пејсажи и нивното музичко експериментирање со роботика и разни технички иновации. Меѓу останатите признанија за нивната работа, Ralf Hütter и неговиот поранешен партнер во 2014 година ја добија наградата Греми за животно дело.

За време на речиси 50 години постоење КРАФТВЕРК објавуваат десет успешни студиски изданија, како и неколку компилациски и два live албум, од кои последниот „3-D The Catalogue“ го објавија во мај годинава. Аудио и видео материјалите од ова издание ги сумираат бројните и значајни 3-Д перформанси на бендот во најпрестижните музеи и концертни арени низ светските метрополи, кои ги одржаа од 2012 до 2016 година, а токму ова спектакуларно 3-Д остварување на КРАФТВЕРК ќе имаме прилика да го погледнеме во живо на концертот во Скопје.

Спојувајќи ги музиката и перформативната уметност, 3-Д концертите на КРАФТВЕРК претставуваат вистински „Gesamtkunstwerk“ – тотално уметничко дело кое ја открива сложеноста на односот помеѓу човекот и машините.

Наскоро ќе бидат објавени повеќе информации за настанот, како и цените на билетите кои ќе бидат пуштени во продажба во среда, 11-ти октомври во 10:00 часот, преку продажната мрежа на МкТикетс.

концерт Крафтверк Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 26, 2026

САД извршија нови напади врз Иран

ВЕСТИ June 26, 2026

Беа погодени ракетени магацини, дронови и радарски локации покрај брегот на Оман, како одговор на…

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.