Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Макрадули: Југохром ќе се рестартира во фази и само по еко – стандарди

0
By Нова ТВ on October 10, 2017 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 10, 2017 12:10

Комбинатот „Југохром“ може да се рестартира во фази и само по исполнување на еколошките стандарди, по воведување соодветни филтри и она што како екологија треба да го задоволува. Ова денеска го истакна заменик-министерот  за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули пред почетокот на јавната дебата на тема „Не оставај на друг, дојди за чист воздух“.

– „Југохром“ беше затворен затоа што, како што кажа и премиерот Заев, менаџментот на комбинатот беше жртва на притисоци и уцени од претходната влада, рече Макрадули.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев на 5 октомври на митинг во Тетово рече дека „Југохром“ повторно ќе работи со цел капацитет и по еколошки стандарди, а за денеска во Владата е најавено потпишување договор со сопственикот и со синдикатот на фабриката. Најавено е дека Комбинатот би можел да почне да работи во март или април следната година.

На 2 ноември 2016 година, „Југохром“ целосно го запре производствениот процес и околу 800 луѓе останаа без работа. Раководството на комбинатот одлучи да ја спроведе одлуката на Испекторатот за животна средина за затворање на фабриката поради непочитување на крајниот рок за изградба на филтер станица кој истече на 30 октомври 2016 година. Неколку пати потоа вработените во „Југохром“ протестираа барајќи решавање на нивниот проблем.

Здружението „Еко-герила“ пред неколку дена оцени дека изјавата на премиерот Зоран Заев, дека „Југохром“ ќе започне со работа со полн капацитет со поставување филтри во месец март, е предизборна пропаганда.

-Тетово беше најзагадениот град во Европа. Со затворањето на ‘Југохром’ убедливо се докажа дека градот Тетово и неговата околина се 60% помалку загадени. Политичката класа која го толерираше масовното труење на Тетово со години мора да ја носи најголемата одговорност во историјата, реагираат од „Еко герила“.

Како што е запознаен и самиот премиер, велат од таму, за еден толку голем индустриски капацитет , за да работи со полн капацитет, поставувањето на филтрите бара минимум две години.

-Изјавите дека со работа може да се започне во март ги сметааме за несериозни. Секоја козметичка импровизација ќе биде неприфатлива. Силно повикуваме на строга инспекција со исполнувањето на сите еколошки стандарди со нулта толеранција за непочитување на истите. Инаку, одговорот на граѓаните ќе биде суров. Назад не постои, здравјето на граѓаните пред се’, соопштува „Еко герила“.

Макрадули денеска рече дека за првпат досега е формирана од Владата интерсекторска работна група за загадувањето.

– Подигнато е на едно ниво. Дадена е политичка димензија и политичка тежина на активностите. Првпат се вклучени и здруженијата на граѓани со свои претставници кои тие ги избраа во процесот и во работата на интерсекторската работна група. И по конститутивниот состанок договоривме некои активности, рече Макрадули.

Југохром Макрадули
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 5, 2026Updated:June 5, 2026

Радев: Македонија треба само да ги впише Бугарите во Устав / Мерц: Пропустите не се само кај кандидатите туку и во ЕУ

ВЕСТИ June 5, 2026

Во изјава за „Дојче Веле“ од самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват, бугарскиот премиер Румен Радев…

ЕУ реформа во најава: Француско – германски Нон пејпр за ЕУ етапна интеграција на државите од Западен Балкан

June 5, 2026

Европарламентот за Република Северна Македонија: Корупцијата и политичките блокади ја кочат државата

June 4, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

June 2, 2026
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.