Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ужасот на гинекологија придонесе за големата смртност на новороденчиња

4
By Менче Атанасова Точи on October 10, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 10, 2017 14:27

Катастрофално лошите услови на Клиниката за гинекологија допринеле за  зголемената смртност на новороденчиња иако секое предвреме родено бебе е со зголемен ризик, обелодени денеска директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Ирина Букова Сотирова.  Хоророт кој со години се случувал на Клиниката за гинекологија го потврди инспекцискиот надзор од ДСЗИ.

Инспекторите утврдиле дека во еден инкубатор биле сместувани по две новороденчиња бидејќи клиниката има недостиг и од инкубатори, но и од простор за интензивна нега. Ноќта кога починаа четири новороденчиња наодделот за интензивна нега имало 49 новороденчиња, иако капацитетот е за само 25  новороденчиња.

НОВА веќе објави дека во клиниката која е стара само пет години нема довод на воздух поради лоша вентилација. За да се пушти објектот пред време вработените ноќе ги селеа креветите и инвентарот, клиниката е пуштена без технички прием.  Во собата за доење нема протечна вода,стерилизаторите за пелени и топлење на шишињата со млеко се стари и одамна им поминал рокот за употреба. Креветите се стари и со дупки во нив, па родлките со ризчна бременост кои по неколку месеци лежат во нив тешко го поднесуваат сето тоа.

Во неколку болнички соби и во подрумските простории каде што се лабораториите има влага, се вели во извештајот на ДСЗИ.

„Поради недостиг на воздух и грешка на системот за вентилација и терморегулација, грешка која е направена во текот на изградбата има сериозни забелешки за состојбата во операционите сали, во салите за киретажа и работните простории. Филтрите за прочистување се менуваат, но не можеме да гарантираме за нивната исправност“, изјави Букова на денешната прес конференција.

Пред една недела за малку ќе ги затвореле операционите сали бидејќи клиниката има недостиг од медицински сестри(инструментарки),  недостасуваат акушерки, недостасуваат неонатолози-педијатри и анестезиолози. Нарушените меѓучовечки односи и фаворизиње на една наспроти други го раскараа медицинскиот персонал, објаснува директорката Викторија Јовановска.

„Персоналот е преморен, медицинските сестри дежураат преку една вечер и тоа за добиваат по 150 денари од дежурство.  Но, огромен проблем е и цитолошката лабораторија каде што работат само двајца лекари специјалисти и двајца лаборанти. Голем дел од резултатите не се потпишани од лекарите, туку од лаборантите бидејќи не можат да стигнат да ги прегледаат сите. Лаборантите ги селектираат и сомнителните материјали за испитување и ги препраќаат кај лекарите. Тие прават по 30-40 анализи, а пристигнуваат по 300-400 дневно“, изјави Викторија Јованоска директорка на Клиниката за гинекологија.

Таа најави дека многу фирми се јавиле за да донираат работи кои се потребниза да се зајакнат капацитетите на клиниката. Од Владата од заштедите биле ветени 300 000 евра, ќе се купат 15 инкубатори за клиниката и пет за внатрешноста за да можат бебињата кои добиле во тежина да ги препраќаат во родните градови. Почната е постапка за да се пресели лабораторијата од подрумските простории на спрат, да се извадат од влагата, како и на доводот за воздух.

Клиниката за гинекологија со ова почнува и кампања за спас на најмалите, новороденчињата. Македонија неколку години по ред е на врвот од листата по смрност на новороденчиња во Европа. Само од почетокот на годината до сега на клиниката починале 127 новороденчиња, а минатата и оваа година тој број изнесуваше 184 што е двојно поголем од претходната.

„

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 7, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

ВЕСТИ July 7, 2026

Францускиот Апелациски суд ја потврди пресудата со која Марин Ле Пен е прогласена за виновна…

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.