Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер вели дека не сака Kаталонија да стане независна, бидејќи тоа би охрабрило и други региони да го направат истото, со што управувањето на ЕУ би станало премногу комплицирано, пренесува Ројтерс.-
-Доколку дозволиме Каталонија да се одвои, и другите ќе го направат истото. Тоа не го сакам, изјави Јункер во говорот на Луксембуршкиот универзитет.
Тој истакна дека е „многу загрижен“ поради сепаратистичките тенденции во Европа и упати охрабрување до шпанскиот премиер Маријано Рахој да обезбеди ситуацијата да биде ставена под контрола.
Во врска со каталонските повици ЕУ да биде посредник, Јункер вели дека Комисијата не може да посредува доколку само една од страните го бара тоа.
ЕУ и претходно соопшти дека има доверба во способноста на Рахој да го реши она што Брисел го смета за внатрешно прашање на Шпанија.