Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Приведени Нинџа и вработен во Шестата управа на МВР

0
By Нова ТВ on October 14, 2017 ПОЛИТИКА
Александар Василевски Нинџа
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, October 14, 2017 18:47

НОВА дознава дека денес  попладне во полициска станица се приведени Александар Василевски Нинџа и Блаже Петровски кој е вработен во 6. Управа во МВР. Петровски од МВР беше суспендиран поради настаните на 27 април во Собрание.

Петровски носел приватен револвер, наполнет со муниција, што е спротивно на законот. Запрени се со возило Мерцедес кај Основното училиште “Стив Наумов” во Автокоманда. Полицијата му го одзела службеното оружје на Петровски.

 

Александар Василевски-Нинџа се појавува и на видео снимките од крвавиот четврток, мешу насилниците кои себе носеа фантомки и ја насочуваа толпата кон пресс салата каде што беа пратениците на мнозинството. Тој се поврзува со криминалното подземје и со поранешниот прв човек на УБК Сашо Мијалков.Нинџа до сега неколку пати е осудуван и има издржувано казна затвор.

Тој се споменува во два случаи последниве години „Ровер“ и „Детонатор“.

Во случајот „Ровер“ во 2013 година тој беше сведок против 15 обвинети за убиство и помагање убиство на Марјан Тушевски и Kире Јанев во јули 2001 година, меѓу кои и екс министерот Љубе Бошковски.

Во мај 2013 година Скопска Апелација го ослободи од обвинението за оружен напад врз Драганчо Стојменов, кој е клучен сведок во акцијата “Детонатор“, откако претходно Нинџа беше осуден од Кривичниот суд  на десет месеци затвор. Инцидентот се случил во декември минатата година, кога според тогашната истрага на МВР, тој со уште едно лице го нападнале Стојменов, кој полесно беше повреден во десната нога. Тоа беше четврти по ред напад врз Стојменов кој беше мета на бомбаши кои поставија два пати бомба под неговиот автомобил. Последниот обид за ликвидација на Стојменов, полицијата не го поврза со претходните случаи, бидејќи двајцата напаѓачи што нападнатиот посочил дека пукале кон него не биле поврзани со обвинетите од Кочани и Виница.

 

27.април Александар Василевски Нинџа Блаже Петровски Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 15, 2026

Иранските медиуми објавија детали од договорот меѓу САД и Иран

ВЕСТИ June 15, 2026

Иранските државни медиуми објавија нацрт-договор од 14 точки, иако ниту една страна официјално не го…

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

June 14, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.