НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Какви неправилности пријавија граѓаните до Хелсиншкиот комитет

0
By Нова ТВ on October 17, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија соопшти дека за време на изборниот процес во неделата забележани се нерегуларности при гласањето на слепите лица и лицата со оштетен вид.

До Хелсиншкиот комитет пристигнале две пријави од лица од оваа категорија кои имале неуспешен обид да го остварат своето избирачко право согласно новиот начин на гласање за слепите лица и лицата со оштетен вид.

Согласно новото Упатството за гласање на слепи лица и лица со оштетен вид донесено на 28 Септември 2017 година, на слепите лица и лицата со оштетен вид им се дава можност да гласаат користејќи шаблон на Браева азбука, на кој се отпечатени податоците од избирачкото ливче. Шаблонот е изработен со цел секое слепо лице, односно лице со оштетен вид да може да гласа самостојно и тајно.

На лицата кои ги пријавија неправилностите не им било овозможено да го остварат своето избирачко право согласно новиот начин на гласање, бидејќи како што наведоа посебните шаблони на Браева азбука сè уште не биле пристигнати на две одделни избирачки места. Пријавите беа примени околу 08 часот утрината. Согласно член 91 од Изборниот законик, ,,Државната изборна комисија изборниот материјал го предава на општинските изборни комисии најдоцна во рок од 72 пред денот определен за одржување на изборите”, додека согласно член 92 ,,Општинската изборна комисија е должна еден ден пред денот определен за одржување на изборите да го предаде изборниот материјал на избирачките одбори на територијата на Република Македонија”. Во конкретните случаи избирачите не биле во можност да го остварат своето избирачко право на денот на изборите, што е повреда на цитираните законски одредби. Подоцна бевме информирани дека шаблонот бил доставен до избирачките места околу 8:30 часот, односно час и половина по отварањето на избирачките места за гласање.

Меѓу другите пријави, Хелсиншкиот комитет доби поплака од лице вработено во Јавно претпријатие кое наведе дека не може да го оствари своето избирачко право, бидејќи било на работа во текот на целиот изборен ден, без можност за замена. Хелсиншкиот комитет ваквиот случај го пријави во Министерството за труд и социјална политика, со цел да се изврши надзор за фактичката состојба во конкретниот случај од страна на инспектор за труд. Хелсиншкиот комитет беше известен дека Министерството и инспекторот за труд соодветно постапиле и на лицето му било овозможено да го оствари своето избирачко право.

До Хелсиншкиот комитет се обратија повеќе граѓани кои пријавија нерегуларности поврзани со Избирачкиот список – непостоечки гласачи на нивните адреси, како и случаи за бришење од евиденцијата на гласачи во Избирачкиот список на граѓани на кои не им била позната основата на нивното бришење од списокот.

-Со ваквите пријави се добива впечаток дека повторно и овие избори се одржаа во услови на непрочистен Избирачки список. Хелсиншкиот комитет упатува препорака за поголема соработка и координација помеѓу Министерството за внатрешни работи и Државната изборна комисија во насока на изнаоѓање на ефективен механизам за прочистување на Избирачкиот список и подготвување на упатство за постапката за бришење на непостоечките гласачи од Избирачкиот список кој ќе биде достапен за сите граѓани, се вели во соопштението.

Од Хелсиншкиот комитет укажуваат дека тајноста и неповредливоста на личните податоци се загарантирани и тие нема да бидат објавени без претходна дозвола од страна на граѓаните кои ја пријавиле повредата.

 

локални избори 2017 пријави за нерегуларности Хелсиншки комитет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.