Неофицијално околу 60 луѓе загинаа или се водат како исчезнати откако брод со азиланти потона близу островот Јава во Индонезија.
Бродот со азилантите кој бил на пат кон Австралија, потона покрај островот Јава во Индонезија, а според неофицијални информации, најмалку 60 луѓе загинаа или се водат како исчезнати, јавува агенцијата АФП.
Според извештаите на медиумите од Австралија, на бродот се наоѓале околу 170 азиланти, во главно од Шри Ланка и Иран.
Австралиската служба за поморска безбедност го потврдила случајот и соопштуваат дека во моментот се одвива акцијата во координаторство со индонезиските власти, за спасување на патниците.