НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВИДЕО: Постизборна репортажа од Кратово: Промени по монополот на Ѕинго

0
By Влатко Чаловски on October 19, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Камера: Трајче Антоновски
Монтажа: Дарко Груевски

 

Во независна Македонија, жителите на Кратово секогаш досега беа водени од градоначалник поддржан од Социјалистичката партија на Македонија во која прв човек е Љубисав Иванов Ѕинго. Меѓутоа локалните избори кои се одржаа на 15.октомври донесоа изненадувачки пресврт во кој за прв пат победи човек кој дели различни ставови и ја доби поддршката на граѓаните.

Луѓето кои ги сретнавме и со кои поразговаравме на оваа тема, на смеа велат, полека паѓала империјата на Ѕинго и контролата врз градот, бидејќи Кратово досега не мрднало од место.

Живеам 30 години во Кратово. Требаше да бидат овие промени, пошто ептен градот умре. Триесет години како сум јас тука, иста е ситуацијата, не е мрднато со прст. Младите се иселуваат, постарите умираат. Нема улици, нема фабрики, секаде има клуч, за никаде е, вели Перо Николовски, жител на Кратово.

Исти се размислувањата за промените и од угостителот Иле Мишевски, како и Манев Павле.

Туризмот во Кратово се уште не е заживеан како што треба. Очекуваме нешто подобро, моментално не е добро во Кратово. И угостителството и трговијата се е катастрофа. Луѓето го напуштаат градот, бегаат, останаа уште многу малку луѓе, вели Мишевски.

Пред камерата на НОВА, новиот градоначалник, Љупчо Бојаџиев вели тој очекувал ваков резултат, пред се поради волјата за промени кај младите.

Еуфоријата за промените во Кратово, се чувствува при секој разговор во чаршијата или кафулињата, а можеби затоа што граѓаните со промените очекуваат слободно да разговараат. Кратовчани зад камерите, велат, незамисливо било изборните плакати од партијата противник на Ѕинго да стојат на бандерите.

При нашата посета во градот стапивме во контакт и со досегашниот градоначалник Мите Андоновски, кој на 15.октомври бараше четврти мандат, но тој рече дека не чувствува должност да даде изјава за состојбата на градот кој го водеше12 години. Меѓутоа за неговата работа, разговаравме со новинарот Саше Ивановски познат како Политико, кој целата вина ја гледа во лидерот на партијата од која поттекнува Андоновски, Ѕинго.

Повеќе во видео-репортажата на НОВА од Кратово.

Ѕинго Кратово локални избори Љупчо Бојаџиев Саше Ивановски - Политико
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.