СДСМ бара министерството за земјоделство да го раскине договорот со фирмата на Субрата Рој и земјата од АК Џумајлија да и се врати на државата.
На вчерашната собраниска комисија за земјоделство се докажа нашето сомневање дека се работи за нереална и сомнителна инвестиција за која стравуваме дека ќе заврши како случајот Сведмилк.
После три часовна дебата останавме повторно без одговор од Владата на Никола Груевски како Субрата Рој ги доби 5353 ха. земја во Овчеполието за концесија од 120 денари за декар?, соопштуваат од СДСМ и бараат одговор на следниве прашања:
-Која е личноста на чие име гласи фирмата и каква врска има со Субрата Рој?
-Со која економска логика некој вложува 200 милиони евра во земјоделско производство и очекува дека за 15 години ќе му се исплати инвестицијата?
-Како е можно од 7 фирми кои учествувале на јавното наддавање. Земјиштетото да го добие Субрата Рој со само 1000 евра повисока цена од почетната. Колку наддавале останатите, 100 евра?
-И конечно, се сомневаме во реализирање на најавите дека ќе се направи фарма со 20000 крави, ќе произведува 75000 тони добиточна храна, ќе вработи 2000 луѓе. Овие бројки и за оние што не се разбираат во земјоделство се нереални и тешко остварливи.
Според СДСМ, сето ова им дава за право да побараат од министерството за земјоделство да го раскине договорот со фирмата на Субрата рој и земјата од Џумајлија да и се врати на држава